Новогодишна претстава на куклениот театар „Си беше еднаш “ во Библиотеката во Охрид

Новогодишна претстава на куклениот театар „Си беше еднаш “ во Библиотеката во Охрид

Posted by Milco Jovanoski in Актуелно 16 Dec 2022

16 декември, 2022 г.

НУ Библиотека „Григор Прличев“  и Куклениот театар „Си беше еднаш“ од Охрид во просториите на Библиотеката од понеделник па се’ до пред Нова година ги покануваат децата, но зошто не и ворасните да ги воведат во светот на предновогодишната магија.

Во понеделник на 19 декември од 12:30 часот е првата изведба на куклената претстава „Новогодишна приказна“ која ќе е вовед во серијата интерактивни и едукативни работилници а децата ќе ја разгледаат и Библиотеката.

Информации на телефоните 262 064 и 264 838 од 8:30 до 14:00 часот

Бројот на места е ограничен а цената за еден влезен билет е 100 денари.

НУ Библиотека