BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Нови книги

Промовирана „Позајмениот куфер“ од Наум Трајчески

септември 30, 2022
in Нови книги
Промовирана „Позајмениот куфер“ од Наум Трајчески

30 септември, 2022 г.

Вчера во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид во присуство на бројна публика беше промовирана стихозбирката „Позајмениот куфер“ од Наум Трајчески,  роднокраен  автор и почесен член на охридската библиотека.

Во својот осврт Билјана Петрова од Австралија кој пред присутните го прочита Христина Трпеска, вели:

-Како долгогодишен претставник на македонската дијаспора во Австралија, поетот Наум Трајчески со целото свое битие и делување се стреми да остави трага на овој далечен континент за идните поколенија. Оваа света задача за зачувување на македонската литературната традиција и идентитет, ја остварува преку своето вредно и плодно поетско творештво, како и преку осмислувањето на многуте активности на Литературното друштво Ванчо Николески од Квинбијан, Австралија, како негов основач и идеен раководител. Личниот печат во поезијата на Наум Трајчески се одликува со лирика во која доминира љубовта и креативниот сензибилитет кон се што го опкружува. Тоа е поезија со многу емотивен израз на доживеаното и поради тоа ние читателите ја чувствуваме како блиска. Неговите песни се со смирен и одмерен тон, особено кога ги воспева убавите нешта, за љубовта, но и кога пее за осаменоста, напиша Петрова.

Според промоторот м-р Милчо Јованоски, директор на Библиотеката, Наум Трајчески е автор чија мисла е јасна, отворена и во речиси сите песни постои приказна од која ретко кој ќе остане рамнодушен и ако е помек на срцето може да пророни и по некоја солза.  Кај Трајчески секој збор е на место. Тој е поет од народот и за народот. Едноставен, ненаметлив а силен.

Ако некој ми рече, вели Јованоски,  одбери која е најубавата од песните на Наум  од стихозбирката – тешко ќе ми е да се одлучам. Читајќи ги се насладував од нивната свежина, од зборовите кои во исто време се големи и тешки  како карпа ама и ти даваат сила да препливаш океани. Во исто време да љубиш, да плачеш и да се смееш. „Позајмениот куфер“ не е наслов на ниту една од 63 песни поделени во четири циклуси. Тој е „скриен“ во една од нив и чекаше да биде пронајден како вечен синоним за мнозината нашинци Македонци кои го напуштале родното место токму со позајмен куфер, стуткани доживувања и сништа од минатото со желба дека барем таму, во туѓина животот ќе им биде подруг, рече Јованоски.

Наум Трајчески е роден во село Издеглавје, Охридско во 1952 година. Од 1977 година живее во Австралија. Основач е на Македонското литературно друштво ,,Ванчо Николески“ од Квинбијан Нов Јужен Велс, каде неуморно работи на промовирањето на македонскиот пишан збор преку одржувањето на библиотека, организирање на поетски манифестации, како и годишен конкурс за најдобри македонски поетски и прозни творби за деца и возрасни во Австралија.

Покрај авторот Трајчески свои искажувања за дружбите и соработката со него на промоцијата кажаа неколкумина присутни. Наум им се заблагодари на сите кои беа на промоцијата, а посебно на неговата животна сопатничка и муза Дана.  На настанот беше и Јовица Ѓоргоски, секретар на Литературното друштво „Ванчо Николески“ од Квинбијан а библиотеката на обајцата во знак на почит и сеќавање на промоцијата и нивната голема заслуга за афирмација на македонската реч на петтиот континет – Австралија им додели посебни благодарници.

Стихови од шестата стихозбирка на Трајчески „Позајмениот куфер“ читаше Бети Лазеска – Симоноска.

 

НУ Библиотека

 

 

 

 

Посетеност: 310
Share30
Admin

Admin

Поврзани вести

По Скопје и во Охрид беше промовирана монографијата „Македонија низ вековите“ од д-р Виолета Ачкоска

by Admin
јули 16, 2026
0
По Скопје и во Охрид беше промовирана монографијата „Македонија низ вековите“ од д-р Виолета Ачкоска

        Во Охрид во НУ Библиотека „Григор Прличев“ денеска  беше промовирана најновата книга на истакнатата македонска историчарка, проф. д-р Виолета Ачкоска „Македонија низ вековите.“ На промоцијата д-р Ачкоска...

Read more

По повод Светскиот ден на литературата за деца промоција на книгата „Тапшин танана“ од Божана Атанасова

by Admin
април 1, 2026
0
По повод Светскиот ден на литературата за деца промоција на книгата „Тапшин танана“ од Божана Атанасова

НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид 2 април – Светскиот ден на литературата за деца утре од 12.00 часот ќе го одбележи со промоција на приказните за деца...

Read more

Наградената поема „Темна кутија“ од Братислав Ташковски можете да ја зајмите кај нас

by Admin
февруари 9, 2026
0
Наградената поема „Темна кутија“ од Братислав Ташковски можете да ја зајмите кај нас

Во рамките на „Прличевите беседи“2026 деновиве на авторот Братислав Ташковски му беше врачена наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема на македонски, за поемата „Темна кутија“ . Поемата може...

Read more

Излезе од печат стихозбирката „Гороцвети“ од Зора Златева

by Admin
јануари 16, 2026
0
Излезе од печат стихозбирката „Гороцвети“ од Зора Златева

          Книжевниот трезор на  Охрид е побогат за уште една стихозбирка. Деновиве во издание на НУ Библиотека „Григор Прличев“Охрид излезе од печат третата стихозбирка „Гороцвети“ од роднокрајната авторка...

Read more

Излезе од печат „Детоксикација“од Крсте Шопоски

by Admin
декември 29, 2025
0
Излезе од печат „Детоксикација“од Крсте Шопоски

 Деновиве од печат излезе книгата со афоризми, хуморески, епиграми и добри мисли „Детоксикација“ од роднокрајниот автор Крсте Шопоски во издание на НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид. Шопоски е...

Read more
Next Post
Утре промоција на „Стихописани слики“ од Митко Ц. Колјушевски

Утре промоција на „Стихописани слики“ од Митко Ц. Колјушевски

Поврзани вести

Роднокрајниот поет Славе Ѓорѓо Димоски роденденот го одбележува со препев на „Кафеанска Москва“ од Есенин

Роднокрајниот поет Славе Ѓорѓо Димоски роденденот го одбележува со препев на „Кафеанска Москва“ од Есенин

март 18, 2021
И нашата Библиотека дел од свеченостите во чест на светите Кирил и Методиј

И нашата Библиотека дел од свеченостите во чест на светите Кирил и Методиј

мај 24, 2022
24 Мај – Ден на сесловенските просветители светите Кирил и Методиј

24 Мај – Ден на сесловенските просветители светите Кирил и Методиј

мај 23, 2021

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 310

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?