BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

Денеска во Охрид погребан Благоја Силјаноски

септември 4, 2022
in Актуелно
Денеска во Охрид погребан Благоја Силјаноски

4 септември, 2022 г.

Денеска на Градските гробишта во Охрид беа погребани  посмртните останки на Благоја Силјаноски,  поранешен претседател на Собранието на општина  Охрид, пратеник , новинар, публицист, есеист и роднокраен писател.

Силјаноски беше роден е на 29 март 1948 година, во село Белчишта, Дебрца кај Охрид.

По завршувањето на основното училиште во родното село образованието го продолжува во охридската гимназија, потоа во Скопје и Прилеп каде што ги завршува последипломските студии и го одбранува магистерскиот труд здобивајќи се со звањето магистер по економски маркетинг.

Работниот век го започнал во Радио Охрид, каде што работел од 1970 до 1975 година, како новинар, уредник и коментатор, а од 1975 година преминува во РТВ Скопје (сегашна МРТВ) како раководител на регионалниот дописен центар во Охрид.

Во 1988 година, бил избран за претседател на општинскиот комитет на СКМ Охрид, а од 1990 до 1996 година, беше прв претседател на Собранието на општина Охрид во самостојна суверена и независна Република Македонија. Во овој период бил и претседател на Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Македонија, и ја предводел македонската делегација на Заедницата во Комитетот на локалните и регионалните власти при Советот на Европа во Стразбур, Франција. Во 1994 година, на слободните демократски парламентарни избори беше избран за пратеник од педесет и првата изборна единица во Собранието на Република Македонија.

Добитник е на повеќе признанија, меѓу кои и на престижната награда на Охрид 7 Ноември”, сега “Свети Климент Охридски° патронот на Охрид.

Со литературно творештво се занимава од раните детски години кога пишува поезија за деца и објавува во повеќе детски списанија и во периодични весници. Со проза почнал да се занимава подоцна, пред крајот на работниот век.

Ги објавил романите: Талкање – Винтрекс° (2003), Бистем (2004), Векослов за светиот град (2004), Охридската инфарктштрасе (2005), Чемерни судбини (2005), сите во издание на НИД Микена од Битола.По романот „Стуткани сништа “од 2007 година ја издава публицистичко – туристичката проза „Мирисот на патината “ посветена на Охрид. „Деволски краснопис “ е последно негово печатено дело во 2008 година.

НУ Библиотека

Посетеност: 190
Share30
Admin

Admin

Поврзани вести

Утре,  Библиотеките од Охрид и Нашице – Хрватска ќе потпишат протокол за соработка

by Admin
јуни 19, 2025
0
Утре,  Библиотеките од Охрид и Нашице – Хрватска ќе потпишат протокол за соработка

 19 јуни,2025 г.                Во дводневна  посета на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид доаѓаат претставници од Градската библиотека од Нашице –...

Read more

Утре, Трета средба на роднокрајнитe автори и промоција на збирката „По стапките на Прличев“

by Admin
јуни 17, 2025
0
Утре, Трета средба на роднокрајнитe автори и промоција на збирката „По стапките на Прличев“

17 јуни, 2025 г.  НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во рамките на проектот „Трета годишна средба на роднокрајни автори“ дел од програмата за работа на установата а...

Read more

Во Охрид успешно реализиран проектот „Цветна библиотека“

by Admin
јуни 13, 2025
0
Во Охрид успешно реализиран проектот „Цветна библиотека“

13  јуни, 2025 г.  Пред два дена во рамки на активностите кои се дел од промоцијата и развојот на мрежата на хортикултурните библиотеки во државата и пошироко во...

Read more

Промоција на книгата „Ткаенина на животот“ од д-р Симона Мартиноска

by Admin
јуни 12, 2025
0
Промоција на книгата „Ткаенина на животот“ од  д-р Симона Мартиноска

12 јуни, 2025 г.  Утре, петок во 12 часот во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана збирката раскази „Ткаенина на животот“  од...

Read more

Регионална средба и работилница „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“ во Охрид

by Admin
јуни 10, 2025
0
Регионална средба и работилница „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“ во Охрид

10 јуни, 2025 г.  Утре, среда од 11 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе се одржи Регионална средба и работилница на тема: „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“....

Read more
Next Post
Почина роднокрајниот автор Коста Фортомароски

Почина роднокрајниот автор Коста Фортомароски

Поврзани вести

Ден пред Свети Климент доделени наградите од литертурниот конкурс „Среќа“

Ден пред Свети Климент доделени наградите од литертурниот конкурс „Среќа“

декември 9, 2023
Нови книги во Библиотеката – избор за сечиј вкус

Нови книги во Библиотеката – избор за сечиј вкус

април 7, 2021
Корисна посета и можност за идна сорабтока меѓу библиотеките од Охрид и Корча

Корисна посета и можност за идна сорабтока меѓу библиотеките од Охрид и Корча

мај 19, 2025

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 190

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?