BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

Италијанскиот амбасадор Силвестри беше во посета на нашата Библиотека

август 5, 2022
in Актуелно
Италијанскиот амбасадор Силвестри беше во посета на нашата Библиотека

5 август, 2022 г

     Италијанскиот амбасадор во Република Северна Македонија,  Андреа Силвестри на покана на директорот на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Орид м-р Милчо Јованоски, деновиве ја посети нашата установа и беше запознат со нејзиниот историјат, книжниот фонд, тековните преземања и проекти.

Покрај амбасадорот Силвестри во посета на Библиотеката беше и заменикот шеф на италијанската мисија Марио Де Роза.

Директорот Јованоски ги запозна гостите и со Проектот „Италијанско катче во библиотеката“ започнат во август, минатата година, благодарение на Венко Трпески, синдикален службеник во одделот што ги следи градежните работници во Тренто а е по потекло од Охрид. Опремувањето на катчето финансиски го помогна  италијанската  Конфедерација на работнички синдикати, локална работна комора на Трентино.

Во март, годинава  беше отворено  македонско катче на книгата во Градската библиотека во Тионе ди Тренто со што продолжи соработка меѓу националната установа – библиотека „Григор Прличев” од Охрид и Македонското културно друштво „Свети Кирил и Методиј” од Трентино, Италија.

Токму од таа библиотека, кажа Јованоски стигнаа и првите италијански книги за нашето катче во Охрид.

Амбасадорот Силвестри и неговиот заменик Де Роза беа воодушевени од идејата за соработка на ова ниво меѓу двете Библиотеки и ветија дека наскоро со задоволство ќе дојдат пак во Библиотеката да го отворат катчето и да донираат нови и други италијански наслови, белетристика и стручна литература.

На средбата стана збор и за отпочнување нови проекти и континуирана соработка на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид со Италијанската амбасада во Скопје и пристап на охридската библиотека до италијански фондови за развој на библиотекарството и издаваштвото.

 

НУ Библиотека

Посетеност: 174
Share30
Admin

Admin

Поврзани вести

Утре,  Библиотеките од Охрид и Нашице – Хрватска ќе потпишат протокол за соработка

by Admin
јуни 19, 2025
0
Утре,  Библиотеките од Охрид и Нашице – Хрватска ќе потпишат протокол за соработка

 19 јуни,2025 г.                Во дводневна  посета на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид доаѓаат претставници од Градската библиотека од Нашице –...

Read more

Утре, Трета средба на роднокрајнитe автори и промоција на збирката „По стапките на Прличев“

by Admin
јуни 17, 2025
0
Утре, Трета средба на роднокрајнитe автори и промоција на збирката „По стапките на Прличев“

17 јуни, 2025 г.  НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во рамките на проектот „Трета годишна средба на роднокрајни автори“ дел од програмата за работа на установата а...

Read more

Во Охрид успешно реализиран проектот „Цветна библиотека“

by Admin
јуни 13, 2025
0
Во Охрид успешно реализиран проектот „Цветна библиотека“

13  јуни, 2025 г.  Пред два дена во рамки на активностите кои се дел од промоцијата и развојот на мрежата на хортикултурните библиотеки во државата и пошироко во...

Read more

Промоција на книгата „Ткаенина на животот“ од д-р Симона Мартиноска

by Admin
јуни 12, 2025
0
Промоција на книгата „Ткаенина на животот“ од  д-р Симона Мартиноска

12 јуни, 2025 г.  Утре, петок во 12 часот во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана збирката раскази „Ткаенина на животот“  од...

Read more

Регионална средба и работилница „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“ во Охрид

by Admin
јуни 10, 2025
0
Регионална средба и работилница „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“ во Охрид

10 јуни, 2025 г.  Утре, среда од 11 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе се одржи Регионална средба и работилница на тема: „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“....

Read more
Next Post
Учесници на 43. „Детски лирски трперења“ ја посетија нашата Библиотека

Учесници на 43. „Детски лирски трперења“ ја посетија нашата Библиотека

Поврзани вести

Излезе книгата „Љубов“ со песни од повеќе автори

Излезе книгата „Љубов“ со песни од повеќе автори

април 22, 2022
Проф. д-р Анис Сефиданис не’ внесе во светот на вештачката интелигенција и роботиката

Проф. д-р Анис Сефиданис не’ внесе во светот на вештачката интелигенција и роботиката

јуни 1, 2022
Фотографии од новиот работен простор на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид

Потпишани се договорите за проектите кои ќе ги финaнсира Министерството за култура

февруари 21, 2022

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 174

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?