9 јуни, 2022 г.
Со цел да им го разубават претпоследниот училиштен ден, вчера нашите колешки – библиотекарки од одделот за обработка на книжниот фонд Бети Лазеска- Симоноска и Христина Трпеска беа во посета на Подрачното општинско основно училиште „Св. Наум Охридски“ во населбата Коњско.
Во оваа пригода нашата НУ библиотека „Григор Прличев’’ донираше лектирни изданија со кои ќе се збогатати фондот на нивната училишна библиотека а децата добија и по една книга од најновото творештво на хуманитарката и писателка Верма М Самарјанин со која ќе можат да другаруваат во топлите летни денови.
-Работата со децата ни е еден од најголемите приоритети и задоволство, а другарувањето на децата со книгата е нашата најважна задача. Затоа, одлучивме да ги посетиме дечињата од I- V одделение од подрачното училиште „Св. Наум Охридски’’- населба Коњско. Од септември оваа практика ќе ја продолжиме во други училишта, вели колешката Трпеска.
-Вчера заедно пеевме, читавме, другаруваме, а воедно ги запознавме децата дека библиотека е местото каде што се чуваат, книгите се обработуваат и даваат на користење.
Благодарност и до наставничките Лила Каранфилоска и Валентина Мојсоска за нивното гостопримство и соработка, заеднички направивме овој ден да биде малку поразличен и во исто време едукативен за учениците, додава Лазеска – Симоноска.
НУ Библиотека