11 април, 2022 г
Во нашата НУ Библиотека „Григор Прличев“ речиси секојдневно пристигнуваат донации во книги од нашите читатели и сограѓани од Охрид, но и пошироко.
Стручни лица во библиотеката соодветно ги прегледуваат, евидентираат и подоцна доколку имаме доволен број примероци од секоја подарена книга – вишокот го складираме за идно наше донирање.

Познато е дека животот на книгата е богат кога таа ќе биде меѓу читателите а не на полиците.

Во селото Лактиње, Месната заедница отвори библиотека во сопствените простории со идеја таа постојано да се збогатува и да биде на дофат на жителите од ова ама и околните села.

Неодамна на барање на Месната заедница од село Лактиње библиотеката направи избор на дела кои би биле интересни за тамошните читатели и им ги подари на членовите на Месниот одбор.

Книгите се веќе на нивните полици. Тие веста за нашата донација веќе ја споделија на социјалните мрежи а ние им ветуваме нова поддршка во книги.
НУ Библиотека












