18 март, 2022
Кузман Атанасов Шапкарев (Охрид, 1 февруари 1834 – Софија, 18 март 1909) е еден од најзначајните собирачи, публицисти и афирматори на македонски народни умотворби и еден од првите македонски учебникари.
Кузман Шапкарев е роден во семејство на сиромашен занаетчија во Охрид на 1 февруари 1834. Завршил основно училиште, но заради сиромаштија морал да го прекине образованието.
Станал учител и учителствувал во Битола, Охрид, Струга, Прилеп и Кукуш на грчки и бугарски јазик.Тогаш ги запознал Димитрија и Константин Миладинови.
По стапките на Димитрија Миладинов, на кого му станал зет, Кузман се оженил со неговата ќерка, почнал да собира народни песни и умотворби. Кога браќата Миладиновци бидуваат затворени, Кузман безуспешно се обидува да им помогне. По нивната смрт, тој отишол да учителствува прво во Прилеп, а потоа во Кукуш.
Преселба во Бугарија
Во октомври 1893 година заминал за Цариград, испратен од Бугарската егзархија за да биде редактор на планиран бугарски весник таму. Во септември 1884 година заминал за Пловдив, Источна Румелија. Од 1900 година е редовен член на Бугарското книжевно друштво (преименувано подоцна во Бугарска академија на науките). Починал во Софија во 1909 година.
Шапкарев е најголемиот собирач на народни умотворби на целиот Балкан. Во своето творештво Шапкарев се изјаснува како Бугарин по род.
СОБИРАЧКАТА ДЕЈНОСТ НА КУЗМАН ШАПКАРЕВ
Пишува: Татјана Дурнева – Охрид
НАРОДНАТА КНИЖЕВНОСТ КАЈ МАКЕДОНЦИТЕ ИМА СВОИ ДАЛЕЧНИ И ДЛАБОКИ КОРЕНИ ВО ДУШАТА НА НАШИОТ НАРОД , СО ВЕКОВИ И ВЕКОВИ ПРЕД НАШЕТО ВРЕМЕ. НАСТАНАТА НА СЕДЕНКИ , НА ОРО , ПО НИВИТЕ , РАБОТЕЈЌИ ПО ПОЛИЊАТА , ПО ПЛАНИНИТЕ , ВАРДЕЈЌИ ГИ ОВЦИТЕ , ПО ЗАНАЕТЧИСКИТЕ ДУЌАНИ , ВО ДОМОВИТЕ И СЕКАДЕ КАДЕ НЕШТО СЕ СЛУЧУВАЛО , КАКО ПОЕЗИЈА ИЛИ ПРОЗА , СВЕДОЧИ ЗА ВРЕМЕТО , ЗА СРЕДИНАТА , ЗА ЖИВОТОТ , ЗА ОБИЧАИТЕ , ТРАДИЦИЈАТА , ЗА ОНА ШТО ГО ПРАВИ ЖИВОТОТ НА ЧОВЕКОТ . НО , ПОСТОЕЛА ОПАСНОСТ ОД НЕЈЗИНО ЗАБОРАВАЊЕ , ДОДЕКА НЕ СЕ НАШЛЕ ЛУЃЕ КОИ ПОЧНАЛЕ ДА ГИ ЗАПИШУВААТ НАРОДНИТЕ ТВОРБИ И ДА ГИ СОЧУВААТ ОД ЗАБОРАВ , ДА ГИ ОСТАВАТ КАКО ТРАЈНО СВЕДОШТВО НА ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ.
ПРВИТЕ ЗАПИШАНИ НАШИ НАРОДНИ УМОТВОРБИ ДАТИРААТ ОД 14 ВЕК , НО ПЕРИОДОТ НА РОМАНТИЗМОТ И КУЛТУРНАТА ПРЕРОДБА ВО МАКЕДОНИЈА , ВО 19 ВЕК , Е ПЕРИОД НА НАЈГОЛЕМА АНГАЖИРАНОСТ НА НАШИТЕ КУЛТУРНИ РАБОТНИЦИ ВО СОБИРАЊЕТО И ОБЈАВУВАЊЕТО НА НАШЕТО НАРОДНО ТВОРЕШТВО . ВРЕДНИОТ СОБИРАЧ НА МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ УМОТВОРБИ , КУЗМАН ШАПКАРЕВ , УШТЕ ВО 1861 ГОДИНА , ОД ОХРИД МУ ИСПРАТИЛ НА ПОЗНАТИОТ БУГАРСКИ ПИСАТЕЛ ГЕОРГИ РАКОВСКИ , ЕДИНАЕСЕТ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД ОХРИД . ВО ПРОПРАТНОТО ПИСМО ПИШУВА ДЕКА ИМА СОБРАНО ПОВЕЌЕ ОД СТОТИНА ПЕСНИ КОИ САКА ДА ГИ ПЕЧАТИ , НО НЕМА СРЕДСТВА , ОБЈАСНУВАЈЌИ ДЕКА СЕ РАБОТИ ЗА НАЈРАЗНОВИДНИ ПЕСНИ ПРЕТЕЖНО ОД ОХРИД . ПОДОЦНА , НЕГОВАТА СОБИРАЧКА АКТИВНОСТ СЕ ПРОШИРУВА И ВО ПРИЛЕП , КУКУШ И СЕКАДЕ КАДЕ ШТО ИМАЛ МОЖНОСТ . СОБИРАЧКАТА ЖЕЛБА КАЈ НЕГО СЕ РАЗВИЛА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ВУЈКО МУ ЈАНАКИ СТРЕЗОВ , КАКО И ЗБОРНИКОТ НА СТЕФАН ВЕРКОВИЌ , ЗБОРНИКОТ НА МИЛАДИНОВЦИ КАКО И ПОДОЦНЕЖНАТА РОДНИНСКА ВРСКА СО ДИМИТАР МИЛАДИНОВ.
КУЗМАН ШАПКАРЕВ , КОЈ ДОЛГО ВРЕМЕ СЕ ВИКАЛ КОЗМА ПАСКАЛЕВ , Е РОДЕН НА 1 ФЕВРУАРИ 1834 ГОДИНА ВО ОХРИД , ВО СИРОМАШНО СЕМЕЈСТВО . ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ГО СТЕКНАЛ ВО РОДНИОТ ОХРИД , КАЈ ВУЈКА СИ ЈАНАКИЕ СТРЕЗОВ . ЗАЕДНО СО НЕГО РАБОТЕЛ КАКО УЧИТЕЛ ВО ОХРИД , А БИЛ УЧИТЕЛ И ВО СТРУГА И ВО ПРИЛЕП . ОНЕВОЗМОЖЕН ДА ЈА ВРШИ СВОЈАТА ПРОСВЕТИТЕЛСКА ДЕЈНОСТ ВО РОДНИОТ КРАЈ , ЗАМИНАЛ ВО БЕЛГРАД , ПОТОА ВО СОЛУН И КУКУШ , ОТКАДЕ ЗАМИНАЛ ВО БУГАРИЈА . ПРЕМЕСТУВАН СО СЛУЖБА ОД ЕДНО ВО ДРУГО МЕСТО , ПОСВЕТЕН БИЛ И НА ДЕЈНОСТА СО КОЈА СТАНУВА ЕДЕН ОД НАЈИСТАКНАТИТЕ СОБИРАЧИ И ИЗДАВАЧИ НА НАШЕТО НАРОДНО ТВОРЕШТВО . ПОЧИНАЛ ВО СОФИЈА , НА 18 МАРТ 1909 ГОДИНА .
ПОСТОЈАТ ПОВЕЌЕ ПОДАТОЦИ КОГА ВСУШНОСТ ШАПКАРЕВ ЗАПОЧНАЛ СО СОБИРАЧКА ДЕЈНОСТ, НО ГОДИНАТА 1858 СЕ ЗЕМА КАКО ПРИБЛИЖНО НАЈПРИФАТЛИВ ПЕРИОД , СПОРЕД ЛИЧНА ИЗЈАВА НА ШАПКАРЕВ . ИНАКУ , СОБИРАЧКАТА ДЕЈНОСТ НА ШАПКАРЕВ ТРАЕЛА ОКОЛУ ТРИ ДЕЦЕНИИ . СОБИРАЛ НАЈМНОГУ МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ УМОТВОРБИ , НО И ОД ДРУГИТЕ БАЛКАНСКИ НАРОДИ-БУГАРСКИ , АЛБАНСКИ , ВЛАШКИ , ТУРСКИ.
СОБИРАЈЌИ ГО И СИСТЕМАТИЗИРАЈЌИ ГО ОБЕМНИОТ МАТЕРИЈАЛ , ПО МНОГУ МАКИ И ОБИДИ , УСПЕАЛ ДА ГО ОТПЕЧАТИ ВО РЕЛАТИВНО КРАТКО ВРЕМЕ-ОСУМ КНИГИ ВО ТРИ ГОДИНИ : 1891 , 1892 И 1894 ГОДИНА ,СОЗДАВАЈЌИ ГО НЕГОВИОТ ЗБОРНИК ОД ПЕСНИ , ПРИКАЗНИ , ВЕРУВАЊА ,
ПОГОВОРКИ , ГАТАНКИ , ИГРИ , НАРОДНИ ОБИЧАИ И ОБЛЕКА . ШАПКАРЕВ ИЛИ НЕГОВИОТ ИЗДАВАЧ , ОД ЧИСТО ПРАКТИЧНИ , ТРГОВСКИ ПОБУДИ , ЗБОРНИКОТ ГО ИЗДАВАЛ ВО ПОВЕЌЕ ВАРИЈАНТИ – ИЗДАНИЈА , ТАКА ШТО ТОЈ СЕ СОСТОИ ОД : КНИГА I-ДВЕ ВАРИЈАНТИ , III – IV-СО ОДДЕЛНИ ИЗДАНИЈА ЗА СЕКОЈА КНИГА И ЕДНО ЗАЕДНИЧКО ИЗДАНИЕ ЗА ДВЕТЕ КНИГИ , V ,VI –СО ОДДЕЛНИ ИЗДАНИЈА ЗА КНИГА И ЗАЕДНИЧКО ИЗДАНИЕ ЗА ДВЕТЕ КНИГИ , VII,VIII,IX-СО ОДДЕЛНИ ИЗДАНИЈА ЗА КНИГА VIII I IX И ЗАЕДНИЧКО ИЗДАНИЕ НА КНИГИТЕ VIII I IX . КНИГАТА II НЕ Е ПЕЧАТЕНА . НЕ Е ПОЗНАТО ЗОШТО КНИГАТА II ОСТАНАЛА НАДВОР ОД ЗБОРНИКОТ , НО СПОРЕД ХАРАЛАМПИЕ ПОЛЕНАКОВИЌ , КАКО ВТОРА КНИГА БИ ТРЕБАЛО ДА СЕ СМЕТА КНИГАТА : ЗБОРНИК ОД НАРОДНИ СТАРИНИ , ПЕЧАТЕНА ВО ПЛОВДИВ ВО 1885 ГОДИНА . ПО СВОЈАТА СОДРЖИНА ТАА
ПРИПАЃА НА НЕГОВИОТ ГОЛЕМ ЗБОРНИК ОД НАРОДНИ УМОТВОРБИ И САМО НЕУМЕШНОСТА НА ШАПКАРЕВ Е ПРИЧИНА ШТО ОВАА КНИГА ОСТАНАЛА НАДВОР ОД ЗБОРНИКОТ . НО , СЕПАК , ОЧИГЛЕДНО Е ДЕКА ШАПКАРЕВ БИЛ ЗАПОЗНАТ И СО СОБИРАЧКАТА ДЕЈНОСТ НА ДРУГИТЕ СОБИРАЧИ НА МАКЕДОНСКОТО НАРОДНО ТВОРЕШТВО-МАКЕДОНЦИ И ПРИПАДНИЦИ НА ДРУГИ НАРОДИ , БИДЕЈЌИ ВО СВОЈОТ ГОЛЕМ ЗБОРНИК СКОРО ЗА СЕКОЈА ПЕСНА ШТО ЈА ПЕЧАТЕЛ , ВО ЗАБЕЛЕШКИТЕ УКАЖУВАЛ НА СЛИЧНА ВАРИЈАНТА КАЈ РАЗНИ СОБИРАЧИ НА ЈУЖНОСЛОВЕНСКИТЕ И МАКЕДОНСКИТЕ НАРОДНИ ПЕСНИ .
ВО ОХРИДСКИОТ МУЗЕЈ СЕ НАОЃААТ , МЕЃУ ДРУГИТЕ МАТЕРИЈАЛИ, И ДВЕ ПЕСНАРКИ СО НАРОДНИ ПЕСНИ ОД КУЗМАН ШАПКАРЕВ . ПОГОЛЕМ ДЕЛ ОД ПЕСНИТЕ ШТО ГИ СОДРЖАТ ОВИЕ ПЕСНАРКИ , ВЕЌЕ СЕ ОТПЕЧАТЕНИ ВО ГОЛЕМИОТ ЗБОРНИК НА ШАПКАРЕВ . ПЕСНИТЕ ШТО ГИ СОДРЖАТ ОВИЕ ДВЕ ПЕСНАРКИ ПРЕТСТАВУВААТ ИНТЕРЕСЕН МАТЕРИЈАЛ КАКО ВО ПОГЛЕД НА ПРОУЧУВАЊЕТО НА НАШАТА НАРОДНА ПЕСНА ,ТАКА И ВО ПОГЛЕД НА НАЧИНОТ НА СОБИРАЧКАТА И ИЗДАВАЧКАТА РАБОТА НА ШАПКАРЕВ . ОВИЕ ДВЕ ПЕСНАРКИ ГО ПРИКАЖУВААТ ШАПКАРЕВ КАКО РЕДАКТОР , НО И КАКО СТИЛИЗАТОР НА НАРОДНИТЕ ПЕСНИ . ОД ОВИЕ ДВЕ ПЕСНАРКИ СЕ ЗАПОЗНАВАМЕ И СО НИЗА ПРАВОПИСНИ И ЈАЗИЧНИ ПРАШАЊА , КАКО НА НИВ ГЛЕДАЛ И ГИ ПРИМЕНУВАЛ ШАПКАРЕВ ЗА ВРЕМЕ НА БЕЛЕЖЕЊЕТО НА ПЕСНИТЕ , ОДНОСНО ЗА ВРЕМЕ НА ПЕЧАТЕЊЕТО НА ИСТИТЕ . ВО ОВОЈ ПОГЛЕД ИМА ЗНАТНИ ОТСТАПУВАЊА И ОД НАЧИНОТ КАКО ГИ БЕЛЕЖЕЛ И ОД ИЗЈАВИТЕ ШТО ГИ ДАВАЛ ВО КОРЕСПОНДЕНЦИЈАТА , ОДНОСНО ВО ПРЕДГОВОРОТ И БЕЛЕШКИТЕ КОН ЗБОРНИКОТ . СТИЛИЗАТОРСКАТА РАБОТА СЕ ЗАБЕЛЕЖУВА ВО ОДНОС НА ВОКАЛИТЕ , КОНСОНАНТИТЕ , ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ПОТРЕБЕН БРОЈ СЛОГОВИ , СО ДОПОЛНУВАЊЕ , СО УФРЛУВАЊЕ НА НЕКОИ ЗБОРОВИ , ЗАМЕНА НА ПОЕДИНИ ЗБОРОВИ , МЕНУВАЊЕ НА ЧЛЕНОТ , ИСПРАВАЊЕ НА НЕКОИ ОЧИГЛЕДНИ ГРЕШКИ ШТО НАСТАНАЛЕ ПОРАДИ БРЗОТО ПИШУВАЊЕ ИЛИ ПРЕПИШУВАЊЕ , ПРАВЕЛ ИЗМЕНИ ПРИ ДАВАЊЕТО НА ДИЈАЛЕКТНИТЕ ФОРМИ ОД ГЛАГОЛИТЕ И ДРУГО.
РЕДАКТОРСКИ И СТИЛИЗАТОРСКИ ЗАФАТИ НА ШАПКАРЕВ СЕ ЗАБЕЛЕЖУВААТ И ПРИ ИЗДАВАЊЕТО НА НАРОДНИТЕ ПРИКАЗНИ . ТУКА СТИЛИЗАТОРСКИТЕ ЗАФАТИ НА ШАПКАРЕВ ДОШЛЕ УШТЕ ПОЈАСНО ДО ИЗРАЗ , БИДЕЈЌИ ТОА ГО ОВОЗМОЖУВАЛ СЛОБОДНИОТ , ПРОЗНИОТ ТЕКСТ НА МАТЕРИЈАЛИТЕ . ТОА ДАВА МОЖНОСТ ШАПКАРЕВ ДА СЕ СОГЛЕДА И КАКО СТИЛИЗАТОР НА МАКЕДОНСКАТА НАРОДНА ПРИКАЗНА . СТИЛИЗАТОРСКАТА ПОСТАПКА НА ШАПКАРЕВ ВО
НАРОДНАТА ПРИКАЗНА СЕ ОГЛЕДА ВО ПРЕРАБОТКАТА НА ОДДЕЛНИ РЕЧЕНИЦИ , СО ТОА ШТО ДАВА ОДДЕЛНИ ПРОШИРУВАЊА , МЕНУВАЊА НА ДЕТАЛИ , ДУРИ И ВМЕТНУВАЊЕ НА ЦЕЛИ НОВИ РЕЧЕНИЦИ . СО УФРЛАЊЕТО НА ПООДЕЛНИ ЗБОРОВИ , ШАПКАРЕВ УСПЕВА СЛИКАТА ДА ЈА НАПРАВИ ПОРЕЛЈЕФНА . ИМА ИНТЕРВЕНЦИИ И ВО ДАВАЊЕТО НА РЕДОТ НА ЗБОРОВИТЕ И ВО ОБЛИКОТ НА ГЛАГОЛОТ . СТИЛИЗАТОРСКАТА ПОСТАПКА СЕ СОГЛЕДУВА И ВО ГРИЖАТА ЗА ПРЕЧИСТУВАЊЕ НА ЈАЗИКОТ СО ШТО СЕ ПРИБЛИЖУВА ДО НАРОДНИОТ , МАКЕДОНСКИОТ ИЗРАЗ . ИЗВЕСНА ИНТЕРВЕНЦИЈА СЕ ЗАБЕЛЕЖУВА И ВО СТИЛИЗИРАЊЕ НА НАСЛОВИТЕ НА НАРОДНИТЕ ПРИКАЗНИ . ВО ВТОРОТО ИЗДАНИЕ НА НАРОДНИТЕ ПРИКАЗНИ ШАПКАРЕВ ИСПРАВИЛ ОДРЕДЕНИ НЕДОСТАТОЦИ ПО СУГЕСТИИТЕ НА ПРВОТО ИЗДАНИЕ , А СЕ ОДНЕСУВААТ НА ПОДАТОЦИ ЗА
СОБИРАЧИТЕ , КАЖУВАЧИТЕ НА ПРИКАЗНИТЕ , ВРЕМЕТО НА ЗАПИШУВАЊЕ , ОЗНАЧУВАЊА НА МЕСТОТО ОД КАДЕ ШТО Е ЗАПИШАНА ОДНОСНАТА НАРОДНА ПРИКАЗНА . ВО СЛУЧАЈОВ НЕ СТАНУВА ЗБОР ЗА СТИЛИЗАТОРСКА ПОСТАПКА , НО Е КОРИСНО ЗБОГАТУВАЊЕ НА ВТОРОТО ИЗДАНИЕ . ВО ВТОРОТО ИЗДАНИЕ ИНТЕРВЕНЦИЈА СЕ ОГЛЕДА И ВО ПОСРЕДЕНАТА И ПОКОМПЛЕТНАТА ИНТЕРПУНКЦИЈА , СРЕДУВАЊЕ НА ТЕКСТОТ ВО НОВИ , ЛОГИЧНО ИЗДВОЈУВАНИ АЛИНЕИ , СО СРЕДУВАЊЕ НА ДИЈАЛОЗИТЕ . МЕЃУ ИНТЕРВЕНЦИИТЕ СЕ СРЕЌАВААТ И ОДРЕДЕНИ НЕДОСЛЕДНОСТИ ВО УПОТРЕБАТА НА РАЗНИТЕ ОБЛИЦИ НА ОДДЕЛНИ ЗБОРОВИ . ИНТЕРВЕНЦИИТЕ НА ШАПКАРЕВ ВО ВТОРОТО ИЗДАНИЕ СЕ ОДРАЗИЛЕ И ВО ЛЕКСИКАТА . ОДДЕЛНИ ЗБОРОВИ ОД ПРВОТО ИЗДАНИЕ СЕ ЗАМЕНЕТИ СО НОВИ И ТОА ДОВЕДУВА ДО ЛЕКСИЧКО ЗБОГАТУВАЊЕ.
ОВА Е САМО СКРОМЕН ПРИКАЗ НА ЗНАЧАЈНИОТ МАКЕДОНСКИ ПРЕРОДБЕНИК , ИСТАКНАТ ФОЛКЛОРИСТ , ПУБЛИЦИСТ И УЧЕБНИКАР , ГЛЕДАНО ОД АСПЕКТ НА НЕГОВАТА ДЕЈНОСТ ВО ЗАЧУВУВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКАТА УСНА ТРАДИЦИЈА , ПРЕКУ СОБИРАЊЕ , ПРОУЧУВАЊЕ И ИЗДАВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ НАРОДНИ УМОТВОРБИ . СО СИТЕ СВОИ АКТИВНОСТИ,ШАПКАРЕВ СПАЃА МЕЃУ НАЈДОБРИТЕ ПОЗНАВАЧИ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И МАКЕДОНСКОТО НАРОДНО ТВОРЕШТВО ВО МИНАТОТО И НА СВОЈ НАЧИН Е ЗАМЕШАН И ВО ПОЧЕТОЦИТЕ НА МАКЕДОНИЗМОТ.
ПРОФ . ТАТЈАНА ДУРНЕВА
НУ Библиотека