VOA: Охрид се приклучи на глобалната иницијатива, „Напиши стих – купи кафе“, по повод светскиот ден на поезијата

VOA: Охрид се приклучи на глобалната иницијатива, „Напиши стих – купи кафе“, по повод светскиот ден на поезијата

Posted by Milco Jovanoski in Околу нас 21 Mar 2022

Оваа иницијатива е започната во 1999-тата година, кога УНЕСКО во Париз го прогласи 21-ви март, како светски ден на поезијатa. 

 

„Велиме напишете стих, купете кафе. Значи да ги направиме луѓето креативни, да размислуваат не само локално туку и глобално и за себе и за другите, на еден посебен начин. Оваа иницијатива е почната во 1999-та година, кога УНЕСКО во Париз го прогласува 21-ви март како светски ден на поезијата, а ние веќе трета година како библиотека го организираме“, вели Милчо Јованоски- директор на НУ Библиотека „Григор Прличев“.

„Очи скаменети опијани, за навек осудени, в мисла вечно ставени, никогаш заборавени. Можеби е ова аматерски но, навистина ми значат бидејќи произлегуваат од мојата душа и од моето срце“, вели Никола Митровиќ од Охрид.

„Му посакувам на овој настан да продолжи да живее и понатаму, затоа што навистина е едно убаво обединување на сите оние сетила кои што се будат со самата пролет, а тоа го поттикнува и поезијата за да може да се творат и да се создаваат уште многу нови нешта и дела. Во денешно време навистина во ова сивило треба да претставува лек за сите оние нешта кои сме ги изгубиле“, вели поетесата Маја Мојсова.

„Мило ми е што на овој ден се собираме ние поетите и гости кои се наоѓаат во Охрид да напишеме нормално моментална инспирација. А, она што го имаме тоа нека остане за во книгите“, вели поетот Мирко Томоски.

Библиотеката ќе ги собере и наредните денови ќе ги соопшти наградените. Сите творби и стихови ќе бидат објавени, рече директорот Јованоски.

НУ Библиотека