11 февруари,2022 г.
Во светот на книгите во улога на добри домаќинки децата – членови на драмското студио „Цвет 75“ги поведоа колешките – библиотекари Весна Симоноска и Елена Станкоска.
Младите актери беа запознати со сите оддели во установата, но и со патот на книгата од издавачот до читателот и обратно до враќањето на пултот за зајмување.
Децата прашуваа, но и раскажуваа, 17 минутниот приказ во режија на раководителката на драмското студио „Цвет 75“ Драгана Боцеска е само мал дел од заеднички убаво поминатото попладне во библиотеката.
Видео записот „Во библиотека“ во три наврати беше емитуван на ТВ Сонце.
НУ Библиотека