Лајонс клубот „Лихнидос“ ја реосветли бистата на Прличев пред нашата Библиотека

Лајонс клубот „Лихнидос“ ја реосветли бистата на Прличев пред нашата Библиотека

Posted by Milco Jovanoski in Околу нас 06 Feb 2022

6 февруари, 2022 г.

Лајонс клубот „Лихнидос“ деновиве  во пресрет на 129 годишнината од смртта на поетот и преродбеник Григор Прличев презеде акција за реосветлување на неговите најзначајни обележја во Охрид.

 Реосветлени се: родната куќа, бистата во дворот на основното училиште што го носи неговото име, бистата пред НУ Библиотека „Григор Прличев“  како и неговото вечно почивалиште гробот лоциран зад  црквата Св. Богородица Перивлепта.

Иницијаторот и за овој зафат проф. д-р Зоран Тунтев вели дека осветлувањето на Прличевите спомен – обележја е дел од проектот ‘Охрид – град на светлината’. На овој начин клубот Лихнидос изразува длабока почит кон големиот македонски поет, писател и преродбеник од XIX век.

НУ Библиотека токму на денот на Патронот му благодари на д-р Зоран Тунтев за ангажманот и посветеноста, воедно се надеваме дека успешната соработка со ЛК Лихнидос ќе продолжи и ќе се продлабочи

Останува и надежта дека осветлувањето нема повторно да биде мета на вандали и на уништувачи на се’ што е убаво и вредно за почит во градот.

НУ Библиотека