1 декември, 2021 г.
Декември го започнуваме со пет нови наслови кои од денеска можат да се најдат на пултот за зајмување во охридската библиотека.
„Во војната и љубовта“ од македонската актуелна авторка Верица Митева во издание на Паблишер.
Од издавачот Сакам книги се следниве четири наслови: „Можеби овој Божиќ“ и „Летото смени се’“ од Сара Морган.
Наш предлог се и втората и третата книга од серијалот Роберт Хантер од авторот Крис Картер: „Џелатот“ и „Демнач во ноќта“.
Потсетуваме дека годишната членарина во библиотеката е 200 денари за деца и 300 денари за возрасни.
Библиотеката за работа со читатели е отворена од понеделник до петок од 8 и 30 до 18 и 30 часот.
НУ Библиотека