BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

Почина писателот Разме Кумбароски од Струга

ноември 11, 2021
in Актуелно
Почина писателот Разме Кумбароски од Струга

Писателот Разме Кумбароски  (29. 03. 1944 – 11. 11. 2021) денеска ја изгуби битката со злочудната пандемија. Се бореше храбро и истрајно, со исконска љубов кон животот овде, со љубов карактерстична само за добра душа како неговата. Во неговиот поетски речник, короната ја објасни како „армија на војници, кои пукаат и ме убиваат од внатре, ама јас се борам и живеам“, напиша денеска на социјалните мрежи неговата ќерка Бистра Кумбароска. 

-Неговиот живот беше исполнет со креации кои бескрајно ќе се паметат: од приказните кои ги раскажуваше за Блаже Конески и Десанка Максимовиќ, до бројни книги, фестивали, уметнички настани – дела и траги кои зрачат со мудрост и убавина. Неговиот сон беше да креираме свет на искреност, чесност и љубов – и низ својот живот успеа да го пренесе баш тоа. Со него патував низ најубавите светови, патувања кои за мене никогаш нема да завршат.

Кумбароски е роден на 29 март 1944 година во Струга. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Во 1980 година магистрирал на Факултетот за политички науки во Загреб. Заедно со Д. Дурацовски е основач на мултимедијалното списание за литература и уметност „Форма“. Најголемиот дел од својот професионален живот го поминува како генерален секретар на меѓународната поетска манифестација „Струшки вечери на поезијата“. По пензионирањето, ја иницира и оформи Медитеранската академија „Браќа Миладиновци“ која освен публикување, се јавува и како една од ретките организации во државата кои се домаќини на Фестивалот на есејот. Беше член на ДПМ од 1987 година. Автор е на 60 книги поезија, есеи и романи, а неговото творештво е преведувано на 12 светски јазици. Во своето слободно време, уживаше во мелодиите на Боб Дилан, Питер Грин и во опкружувањето на своето семејство. Милуваше да каже „Љуаерите ет инвениетис“ – нека трагањата го пронајдат саканото.

Погребот ќе се оддржи во сабота (13ти Ноември) во Струга, во кругот на најблиското семејство.

НУ Библиотека

Посетеност: 207
Share30
Admin

Admin

Поврзани вести

НУ Библиотека „Григор Прличев“ наскоро со нов визуелен идентитет

by Admin
мај 13, 2025
0
НУ Библиотека „Григор Прличев“ наскоро со нов визуелен идентитет

13 мај, 2025 г.  Типографот и графички дизајнер Ласко Џуровски деновиве ја посети НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид и пред вработените го презентира новиот предлог - визуелен...

Read more

Свечено одбележан 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

by Admin
мај 6, 2025
0
Свечено одбележан 5 Мај  – Денот на македонскиот јазик

6 мај, 2025 г.  Јазикот е единствената наша татковина. Сѐ додека го чуваме, го негуваме, го вардиме, го гледаме јазикот наш македонски – ќе може да сметаме дека...

Read more

Во понеделник свеченост по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

by Admin
мај 3, 2025
0
Во понеделник свеченост по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

3 мај, 2025 г. По повод Денот на македонскиот јазик во понеделник на 5 мај од 12 часот НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид организира пригодна свеченост. Премиерно...

Read more

Промовирани книгите „Филозофска Револуција I и II“ од Стефан Шорко

by Admin
мај 2, 2025
0
Промовирани книгите „Филозофска Револуција I и II“ од Стефан Шорко

2 мај, 2025 г.     Во организација на Лајонс клубот „Деница“ и НУ Библиотека „Григор Прличев“ денеска беа промовирани книгите „Филозофска Револуција I и II “ од Стефан...

Read more

Наскоро нова поетско – прозна збирка „По стапките на Прличев“

by Admin
април 30, 2025
0
Годинава ќе реализираме 17 проекти со средства од Министерството за култура и туризам

30 април, 2025 г.  Во рамките на Проектот: „Трета годишна средба на роднокрајни автори НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид наскоро ќе го отпечати вториот поетско – прозен Алманах...

Read more
Next Post
Конкурс за најдобра поeтска творба на „Маџирмаалски поетски бранувања“ за 2021

Конкурс за најдобра поeтска творба на „Маџирмаалски поетски бранувања“ за 2021

Поврзани вести

Најновата книга од Мишо Јузмески (Истражи го Охрид) / Explore Ohrid

Најновата книга од Мишо Јузмески (Истражи го Охрид) / Explore Ohrid

декември 2, 2020

Интервју со Видое Видически- РОДНОКРАЈНИ АВТОРИ АУДИО ЗАПИСИ 2010

јуни 4, 2020
Битолчанката Дана Тембелеска ќе промовира две стихозбирки во Охрид

Битолчанката Дана Тембелеска ќе промовира две стихозбирки во Охрид

февруари 10, 2025

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 207

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?