Конкурс за најдобра поeтска творба на „Маџирмаалски поетски бранувања“ за 2021

Конкурс за најдобра поeтска творба на „Маџирмаалски поетски бранувања“ за 2021

Posted by Milco Jovanoski in Околу нас 12 Nov 2021

12 ноември, 2021 г. 

Извршниот одбор на „Маџирмаалски средби“ и Комисијата за реализација на манифестацијата „Маџирмаалски поетски бранувања“ распишуваат КОНКУРС за избор на најдобра поeтска творба во рамките на „Маџирмаалски поетски бранувања“ за 2021 година.

Критериуми за учество:

– право на учество на конкурсот имаат сите вљубеници во поезијата;

– секој автор може да учествува најмногу со две свои необјавени поетски творби напишани на македонски јазик, од кои само една може да биде наградена;

– членовите на Комисијата за реализација на манифестацијата „Маџирмаалски поетски бранувања“ немаат право на учество на конкурсот за време на мандатот;

– песните што ќе бидат испратени на конкурсот треба тематски да кореспондираат со заложбите за афирмација на урбаниот живот, на секојдневните навики и на традицијата и во нив да е присутен мотив поврзан со Маџир Маало;

– поетските творби треба да се во духот на соживотот и на верската и националната толеранција. Доколку некој од учесниците пријави поетска творба со која се предизвикува верска или национална омраза, Комисијата што ќе ги разгледува и вреднува песните има право да не дозволи учество на пријавениот учесник и неговата поетска творба;

– учесниците на конкурсот треба да ги достават поетските творби анонимно, под шифра. Решението на шифрата се доставува во посебен коверт и во него треба да се наведат името и презимето на авторот, насловот на песната и податоците за контакт (адреса и телефон);

– поетските творби може да се испраќаат до 15 декември 2021 година, по пошта на следнава адреса:

„Маџирмаалски средби“

(за Конкурсот на манифестацијата „Маџирмаалски поетски бранувања“)

ул. „Маџирмаало“ бр. 28

1000 Скопје

– автори се обврзуваат песните што ќе ги испратат на Конкурсот да ги отстапат на организаторот за објавување во публикација на манифестацијата „Маџирмаалски поетски бранувања“.

 

Комисијата од сите пристигнати поетски творби ќе избере една која ќе биде прогласена за најдобра поетска творба на Манифестацијата и на авторот ќе му биде доделена  главната награда на „Маџирмаалски поетски бранувања“ за 2021 година во висина од 500 евра во денарска противредност.

Покрај првонаградената поетска творба ќе бидат селектирани уште две поетски творби за кои на авторите ќе им бидат доделени пригодни награди.

Завршниот настан ќе се одржи во согласност со протоколите и безбедносните мерки предвидени во постоечката епидемиолошка  ситуација.

 

Телефони за контакт: 070/232-017, 077/927-264, 072/308-728 и 075/469-911

НУ Библиотека