Роднокрајни автори родени во септември

Роднокрајни автори родени во септември

Posted by Milco Jovanoski in Актуелно 07 Sep 2021

7 септември, 2021 г. 

НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид и во време на пандемија симболично преку објава ги одбележува родендените на познатите роднокрајни автори, родени во септември.

Тоа се: Димче Маленко, Боро Ѓорѓиоски и Милош Линдро чии книжевни пројави грижливо се чуваат во Роднокрајното одделение на Библиотеката.

Ова е можност повозрасните да се потсетат на нивното творештво а младите можеби за прв пат да се сретнат со нивните дела кои имаат непроценлива вредност во областа на литературата а се огледало на животот во Охрид во минатото.

Нивните дела сите зачленети читатели можат да ги зајмат секој работен ден од 8 и 30  до 18 и 30 часот.

НУ Библиотека