1 септември, 2021 г.
И на почетокот од овој месец септември правиме избор од 10 книги од областа на белетристиката кои од денес им се достапни на читателите. Топ листата ( редоследот ) е случаен, не ја одразува нивната содржина ниту популарноста на авторите.
„Патувам сама“ од Самуел Бјорк
„Град од пареа“ од Карлос Руиз Зафон
„Без граници“ од Џим Квик
„Убиј го таткото“ од Сандроне Дациери
„Ноќно пливање“ Меган Голдин
„Убиецот со распетието“ од Крис Картер
„Ѕвончињата на снегот“ од Сара Морган
„Сендмен“ од Лаш Кеплер
„Коски на срцето“ од Колин Хувер
„Што знае ветрот“ од Ејми Хармон
Романите се изданија на издавачките куќи: Антолог, Матица македонска и Сакам книги.
Денеска е 1 септември НУ Библиотека „Григор Прличев“ им посакува среќна учебна година на сите основци и средношколци, посебно на првачињата.
Сите, ако уште не станале членови на Библиотеката ги поканува да го сторат тоа. Годишната членарина за нив е 200 а за возрасни 300 денари.
НУ Библиотека