11 август,2021 г.
И оваа среда НУ Библиотека „Григор Прличев“ ви препорачува нови книги кои веќе можат да се зајмат на пултот секој работен ден од 8 и 30 до 16 часот.
Новата понуда содржи осум наслови една од издавачот Сакам книги а останатите од Антолог.
Се работи за: „Мистеријата на трите четвртини“ и „ Затворениот ковчег ‘ двете од Софи Хани.
Следуваат: „ Првата вечерна ѕвезда“ од Сузан Елизабет Филипс и „Последната девојка “ од Надја Мурад.
Од најновата набавка ви ги препорачуваме и романите: „Младата сопруга“ од Алесандро Барико и „Заклучи ги сите врати“ од Сејбер Рајли.
Во понудата се и новото издание на „Животинска фарма“ од Џорџ Орвели и „Конци на судбината“ од Марија Дуењас.
Потсетуваме годишната членарина во НУ Библиотека „Григор Прличев“ за возрасни е 300 а за деца 200 денари.
НУ Библиотека