14 јули, 2021 г.
НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид и оваа среда со нова препорака од изданија кои уште од денес можат да се зајмат за читање.
Понудата ја сочинуваат осум нови наслови сите во издание на Топер.
На топ листата ако така може да се рече се дури три книги од авторката Ајше Кулин. Надеж 1 и 2 и романот Живот.
Не помалку интересни приказни кријат во себе и двата романи од Хана Филдинг: Љубов под маски и Солзите на Афродита .
Во новата понуда се вклучени и романите: Ајла и среќни засекогаш од Стефани Перкинс и Бисерот што ја скрши школката од Надија Хашами.
Овој преглед на нови наслови го заокружуваме со романот Потемно од Е.Л.Џејмс.
И ова лето до 1 септември НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид со читатели работи во една смена од 8 и 30 до 16 часот.
Годишната членарина за возрасни е 300 а за деца и млади 200 денари.
Во библиотеката можат да се зачленат и граѓани со подолг престој во Охрид.
НУ Библиотека