10 мај, 2021 г.
Овој месец е богат со родендени на творци од Охрид.
Поетот и писател Смиле Наумовски – Брсјак на 2 мај го одбележа својот 70 роденден а писателот Коста Фортомар е во мигот највозрасниот жив автор – почесен член на нашата НУ Библиотека „Григор Прличев“ . Фортомар наполни 88 години од животот.
На роденденскиот роднокраен, мајски список се и имињата на авторите: Коста Абраш, Христо Силјанов, Кирица Јорданоска, Спасе Кароски, Есад Бајрам, Благуна Стевоска, Димитар Пандев, Димитар Спасески и Смилјана Максимоска.
Вообичаено родендените ги одбележувавме со отворање на изложби на дела од славениците, но поради посебните протоколи во заштита од Ковид -19 и годинава, изложбата ќе изостане. Сепак, сите кои сакаат да прочитаат некое од делата на споменатите автори а се членови на библиотеката тоа можат да го сторат со позајмување на саканата книга на пултот за издавање.
НУ Библиотека