5 мај, 2021 г.
Членовите на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ја имаат привилегијата секоја недела да можат да одберат нов наслов и автор на пултот за позајмување.
И оваа среда ви ги претставуваме новите наслови кои се веќе обработени и ве чекаат да ги зајмите.
Претставувањето го започнуваме со самостојното издание од Слаѓана Ставрева Историја на една љубов. Не помалку интересни се и следните книги и автори: Врвки од Доменико С. Тарноне во издание на Артконект, Невиноста на отец Браун од Г. К. Честертон во издание на Датапонс.
Во неделниот преглед се најдоа и две дела во издание на Македоника литера: За тоа ли беше се’ од Евтим Евтимов и Имот од Федериго Тоци.
Следат: Гордана меѓу врбите од Ана Ѓокиќ , Блесок, Чекор пред нив од Ивана Балтовска , Нов Вавилон.
Во понудата се и два наслови посебно интересни за децата: Децата од моето училиште од Јадранка Клисарова , Тримакс и Откриј го Египет во издание на Просветно дело.
Пултот за зајмување во библиотеката работи од понеделник до петок од 8 и 30 до 18 и 30 часот.
Членарината за деца е 200 а за возрасни 300 денари.
НУ Библиотека