BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Околу нас

Башевски: Во пандемија, библиотеките имаат посебна улога, со книгите што ги чуваат, да ја исполнат осамата со духовни, трајни вредности, место со дневни тривијални нешта

април 23, 2021
in Околу нас
Башевски: Во пандемија, библиотеките  имаат посебна улога, со книгите што ги чуваат, да ја исполнат осамата со духовни, трајни вредности, место со дневни тривијални нешта

23 април, 2021 г. 

Ја упатувам оваа порака денес, 23 април 2021 година, по повод Меѓународниот ден на книгата и авторското право, во време на ковид пандемија која еве, повеќе од една година, менува многу од она што беа нашите животи. Писателите, издавачите, читателите, сите тие кои се најдиректно поврзани со книгата, во особенава ситуација мора да го прават она што е најсоодветно за да ја одражат нејзината слава, вели во македонската порака писателот Димитар Башевски. 

Историјата на книгата е историја на човекот, на човештвото вкупом. Книгата се пробивала низ небиднините, низ војни, низ победи, но и порази, низ епидемии и забрани, и не ретко, низ спалувања на кладите. Така што сега, сред неволјата, книгата си наоѓа агол каде што ќе се засолни и, од зад затворениот прозорец, ја емитува својата духовна сила што поместува копна и големи води и сред „космичката осаменост“, како што вели Шимборска, ја збогатува нашата човечност.

Книгата се пробивала низ вековите, менувајќи се не само во физичката форма, ами зафаќајќи далеку и обилно во животните подрачја. На глинени плочки во древните цивилизации, човекот почнал да ги запишува не само своите митови, ами и своите законици, како оној на Хамураби. Преку Гутенберг, пак, таа стигнува до петнаесеттиот век, во индустриската доба, а потоа до денешната повеќебојна и, најпосле, електронска книга. Почната на одделни културни сфери, книгата подоцна се разгрна во глобални размери. Во новото време, и најголемите воини и војсководители ќе признаат, како што признава Наполеон Бонапарта, дека славата што трае не е во освоените битки, ами во културниот и цивилизациски придонес. Тој вели: „Мојата вистинска слава не е во тоа што сум добил 40 битки. Ватерло ќе го избрише сеќавањето на толкуте победи. Она што не може ништо да го избрише, што вечно ќе живее, тоа е мојот Code civil“.

И, сега, кога се работи, и посебно кога се работи за книгата на македонската почва, на македонски јазик, кога се работи за нашата книга, таа наша книга не само што го засведочува, не само што го меморира, ами во најголема мера го овозможила нашето културно и историско постоење, таа е тоа што памети и тоа што се памети, поврзувајќи ги често испрекинатите векови. Таа стигнува, посебно со поетските и лингвистичките трудови на Блаже Конески, во чија слава ја посветуваме оваа 2021 година, да се интегрира во високите европски и светски вредности. Преку книгите на македонските писатели, и во оригинал, освен во превод, македонскиот јазик е присутен во библиотеките од Мексико до Австралија и од Русија до Египет и Јапонија. Така значи, македонскиот јазик и македонската книга е под сонцето што ги грее сите, како што, како аргумент, го кажуваше Кирил, кој заедо со Методија, ја биеше битката за словенскиот јазик. На ваквата основа е создадена и Конвенцијата на УНЕСКО за постоењето и слободата на различните јазици и култури.

Во овие денови што ги живееме во пандемија, библиотеките ја имаат посебната улога, со книгите што ги чуваат, да ја исполнат осамата со духовни, трајни вредности, место со дневни тривијални нешта. За Александриската библиоетека се вели дека била мајка на знаењето. Борхес пак и самиот рај го замислувал како библиотека. На свој посебен начин, мајка на знаењето и на уметничката возбуда, на книгата како сон в рака, е и малата библиотека во македонското демирхисарско село Бабино.

И, во сето создавање и постоење на книгата, витална е слободата. Слободата ѝ е инхерентна на книгата како творештво и, исто така, од важност е слободата и слободната мисла и слободниот приод на читателот. Книгите, преведени, се движат во различни култури и на различни јазици. И тоа не е пречка. Не е пречка бидејќи тие се упатени кон луѓето, кон човекот, за кого и самите зборуваат, а тој човек, од овој аспект, е секогаш и секаде ист. Погледнете во Гилгамеш, во Рамајана или во нордиските народни епови или во делата на новите векови, ќе видите дека тоj е секогаш истиот човек – страв, смрт, страдање, љубов, љубомора, омраза, радост, завист, насилства, братоубиства…

Книгата е подложна на различни читања и доживувања, и тоа е едно чудесно богатство, баш тие различни читања, кои се различни со оглед на различните читатели, но уште повеќе со оглед на природата на самата уметност, на нејзината химеричност. А сепак, има нешто, а тоа е она што се вика уметност, кое е константа. Доаѓаат читателите и критичарите, читаат, согледуваат, доживуваат, се возбудуваат, дознаваат и посочуваат.

И, читањето на книгата никогаш не завршува докрај, затоа што секој нов читател, е нејзино ново читање.

НУ Библиотека

 

Посетеност: 218
Share30
Admin

Admin

Поврзани вести

Поетите Мирко Томовски и Митре Мангоски – Радождански во Пула

by Admin
јуни 1, 2025
0
Поетите Мирко Томовски и Митре Мангоски – Радождански  во Пула

1 јуни 2025 г. Деновиве нашите роднокрајни автори Мирко Томовски и Митре Мангоски – Радождански настапија на две меѓународни поетски манифестации во Пула – Хрватска. 14. издание на...

Read more

Ученици од ООУ „Кочо Рацин“ од Охрид и „Веселин Маслеша“ од Белград ја посетија Библиотеката

by Admin
мај 24, 2025
0
Ученици од ООУ „Кочо Рацин“ од Охрид и „Веселин Маслеша“ од Белград ја посетија Библиотеката

24 мај, 2025 г. ООУ „Кочо Рацин“ од Охрид во рамките на својата меѓународна соработка со сродни училишта од Балканот деновиве е домаќин на ученици и наставници  од...

Read more

Корисна посета и можност за идна сорабтока меѓу библиотеките од Охрид и Корча

by Admin
мај 19, 2025
0
Корисна посета и можност за идна сорабтока меѓу библиотеките од Охрид и Корча

19 мај, 2025г. Во рамките на Програмските активности во делот на меѓународната соработка деновиве  вработени во НУ Библиотека „Григор Прличев“  предводени од в.д. директорката на установата Христина Трпеска...

Read more

Почина Илче Стојаноски, новинар, публицист – роднокраен автор

by Admin
април 22, 2025
0
Почина Илче Стојаноски, новинар, публицист – роднокраен автор

22 април, 2025 г. Вчера во Охрид на 75 годишна возраст почина новинарот и публицист  Илче Стојаноски, кој целиот професионален работен век го помина во Центарот за печат...

Read more

„Аз,буки,веди – тајната на Словото од Григор Костески, дело инспирирано од словенската книжевна историја

by Admin
април 10, 2025
0
„Аз,буки,веди – тајната на Словото од Григор Костески, дело инспирирано од словенската книжевна историја

10 април, 2025 г.  -Со оваа книга авторот Костески навлегува длабоко во суштината на писмените знаци, етимиологијата на зборовите, слоговите и буквите. На тој начин ни открива нови...

Read more
Next Post
Го започнавме проектот: „За вкусовите се дискутира“

Го започнавме проектот: „За вкусовите се дискутира“

Поврзани вести

Zoom средба со писателот Денис Драгунскиј

Zoom средба со писателот Денис Драгунскиј

декември 6, 2021
Нечовски: Се радувам што по многу ЦД и ДВД изданија објавив и стихозбирка

Нечовски: Се радувам што по многу ЦД и ДВД изданија објавив и стихозбирка

февруари 24, 2024
Нови наслови во НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид

Нови наслови во НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид

септември 29, 2021

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 218

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?