7 април, 2021 г.
Оваа недела од НУ Библиотека „Григор Прличев“ предлагаме нови седум наслови од областа на белетристиката и научната литература кои од денеска можат веќе и да се зајмат.
Се работи за следниве наслови, автори и издавачи. Шпионскиот трилер Хавиер Маријас од Берта Исла во издание на Арс студио, Историја на светот во седум евтини работи – Водич во капитализмот, природата и иднината на планетата во издание на Аз, Буки,
романот Сфинга на гневот од македонскиот автор Жарко Кујунџиски од Антолог, Предупредување за содржината од Нил Гејман од Публишер.
Концептот магичен реализам како културолошки феномен од Драгана Евтимова – Превод ДЕ , Од историјата до Есхатонот од Кирче Трајанов , издание на Магор и Студиите за македонската книжевност под наслов: Интерпретограми од Марија Димова – Ѓорѓиева во издание на Три.
НУ Библиотека „Григор Прличев“ со почитување на сите Ковид протоколи работи од понеделник до петок од 8 и 30 до 18 и 30 часот а годишното зачленување за деца е 200 а за возрасни 300 денари.