BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Огледало

На Денот на поезијата почина поетот Адам Загајевски добитник на Златен венец на СВП во 2018 г.

март 22, 2021
in Огледало
На Денот на поезијата почина поетот Адам Загајевски добитник на Златен венец на СВП во 2018 г.

22 март, 2021 г. 

Судбината ли сакаше така или е е дна од многуте случајности. Полскиот поет Адам Загајевски, лауреат на Струшките вечери на поезијата во 2018 година, почина вчера, токму на Светскиот ден на поезијата 21 март.

Адам Загајевски , роден е Лавов, 21 јуни 1945 г.  Тој е еден од најголемите полски и светски поети, новелист, преведувач и есеист. Во 2004 година бил награден со Нојштадската меѓународна награда за литература, во 2016 со Грифиновата поетска награда за животно дело, во 2017 со Наградата на принцезата на Астурија за литература и во 2018 година со Златниот венец на Струшките вечери на поезијата. Таа година Загајевски беше прогласен и за почесен член на Друштвото на пситаели на Македонија.

На 1 март, 2019 година во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид беше прикажан документарниот филм АВТОПОРЕТРЕТ посветен на  полскиот поет Адам Загајевски.

Ја прелиставме нашата архива и ве потсетуваме на тој настан во чест на поетот Загајевски.

Авторот на документарецот Диме Ратајкоски беше на проекцијата во Охрид и пред присутните проговори за предизвикот да се сними документарец со загајевски, кој како што рече е само еден од низата документаци за добитниците на „Златниот венец “ на Струшките вечери на поезијата кои грижливо се чуваат во архивата на МТВ. Всушност и овој филм е  заеднички проект на МТВ и СВП

Преку низа луцидни прашања и одговори Загајевски во средбата со камерата а преку неа и со нас ја презентира својата поезија и поетика .

Премиерата на документарецот се случи во Скопје неодамна а филмот по Охрид наскоро ќе биде прикажан и во други градови низ државава.

Кој е Загајевски?

Адам Загајевски роден е во 1945 во Лавов (тогаш во Полска, денес во Украина). Автор е на 13 поетски книги, но е и есеист, прозен писател и професор по филозофија. Во 1970-тите бил поврзан со независното книжевно движење, а во 1982 се преселил во Париз. Во 2002 Загајевски се вратил во Полска и сега живее во Краков.

Претседателката на Управниот одбор на СВП Елизабета Шелева лани на чинот на соопштувањето дека Загајевски е добитник на „Златен венец“ рече: Тој е еден од водечките гласови во современата светска литература и автор кој ужива неподелен углед меѓу најрелевантните имиња во современата поезија и критика, поттикнувач на зголемен интерес кон творештвото на источноевропските и словенски писатели.

– Загјевски  се смета за дел од полската генерација ’68 или полскиот „Нов бран“ во литературата, но неговото авторско писмо искажува една самосвојна позиционираност и автентична црта… Суптилно проткаена, со присуството на длабока медитативност, себезапрашаност, склоност кон филозофска контемплација, притоа постојано отворена за новите потраги, себепреиспитувања, додаде Шелева.

adam

Грст стихови од Загајевски:

Во туѓата убавина

Само во туѓата убавина
има утеха, во туѓата
музика и во туѓите стихови.
Само кај другите има спас,
макар и самотијата да има вкус на
опиум. Не се пекол другите,
ако се здогледаат наутро, кога
чисто имаат чело, измиено од соништа.
Затоа долго мислам, каков
да употребам збор, тој или ти. Секое тој
е предавство на некое ти, токму
затоа во туѓиот стих верно
чека студен разговор.

 

Сега, кога го изгуби помнењето

Сега, кога го изгуби помнењето
и можеш само беспомошно да се смешкаш
би сакал да ти помогнам – зашто своевремено
токму ти, како демијург, ја отвори мојата фантазија.
Се сеќавам на нашите патешествија, волнестите облаци
кои пловат ниско над влажната шума во планините,
(во таа шума го знаеше секое патче), како и на
летниот ден кога се искачивме на врвот
од високиот морски светилник на Балтикот
и долго го гледавме бескрајното бранување на морето,
неговите бели плетки разресени како нитки за фирцање.
Не можам да го заборавам тој миг, мислам дека и ти беше тогаш
трогнат – се причинуваше како да го гледаме целиот свет,
безграничен, дишејќи спокојно, син, совршен,
истовремено јасен и маглив, близок и далечен;
ја чувствувавме тркалезноста на оваа планета, ги слушавме галебите
кои се забавуваа со леснолетање
низ топлите и ладните воздушни струи.
Не умеам да ти помогнам, имам само едно помнење.

 

Тема: Бродски

Молам да се запише: роден во мај,
во влажен град (оттаму мотив: вода),
наскоро потоа под опсада на армија,
чии офицери носеа во ранците
том од Hölderlin, но, за жал, немаа
време за лектири. Премногу работа на терен.

Тон – сардоничен, очај – вистински.
Постојано на пат, од Мексико до Венеција,
љубовник и говорител кој неуморно
агитира за својата непрактична партија
(нејзиното име: Поезија версус Бесконечност,
или ПВБ, ако некој љуби скратеници).

Во секој град и во секое пристаниште
имаше свои агенти; понекош запејуваше стихови
пред ентузијастичката толпа која ништо
не разбираше – потоа уморен, палеше gauloises
на бетонското крајбрежје а галебите кружеа над него
исто како над Балтикот, дома.

Преголема интелигенција. Омилена тема: времето
версус мислата, која гони фантоми,
ја оживува Марија Стјуарт, Дедал и Тибериј.
Поезијата требаше да биде како коњските трки:
коњите се диви, јавачите – од мермер,
целта – невидлива, се губи во облаците.

Молам да се запамети: иронија и болка;
болката одамна живееше во срцето
и сé повеќе растеше – толку,
колку што секоја од него напишана елегија
го љубеше егоистично и сакаше,
токму тој да биде нејзиниот херој –

но, Ве молам господа – трпение,
веднаш завршуваме – навистина не знам,
како да го пренесам тоа таму: таа речиси нежност,
и насмевка, сосема несмела,
моментот на колебање, мекоста,
кратката пауза во аргументирањето.

Препев од полски јазик: Звонко Димоски

НУ Библиотека

Посетеност: 207
Share30
Admin

Admin

Поврзани вести

Проф. д-р Вера Стојчевска – Антиќ ИЗВОРОТ НА ЕДНО КЛИМЕНТОВО И ПРЛИЧЕВО СЛОВО

by Admin
март 25, 2025
0
Проф. д-р Вера Стојчевска – Антиќ  ИЗВОРОТ НА ЕДНО КЛИМЕНТОВО  И ПРЛИЧЕВО СЛОВО

За континуитетот на македонската книжевност постојат објавени студии, за него станува збор и во пошироките и општи книжевно - историски теми, во врска со кои се организирани и...

Read more

Најдобрата беседа за 2025 – „Чувај се себеси“ од Ева Ивановска

by Admin
февруари 8, 2025
0
Најдобрата беседа за 2025 – „Чувај се себеси“ од Ева Ивановска

8 февруари, 2025 г. Драги млади, Ви се обраќам со должна почит и сакам да зборуваме за нешто многу важно и за нешто што многумина од нас често...

Read more

Беседа на Григор Прличев „ Чувај се себеси“

by Admin
декември 11, 2024
0
Беседа на Григор Прличев „ Чувај се себеси“

11 декември, 2024 г. Во публикацијата на БЛАЖЕ КОНЕСКИ под наслов  ДИЈАЛЕКТОЛОШКИ, БАЛКАНИСТИЧКИ И ОНОМАСТИЧКИ ПРИЛОЗИ поместен е и текстот на Прличевата беседа ЧУВАЈ СЕ СЕБЕСИ. Текстот е...

Read more

Излезе новиот број од електронското издание на списанието „Повод“од Сиднеј, Австралија

by Admin
октомври 6, 2024
0
Излезе новиот број од електронското издание на списанието „Повод“од Сиднеј, Австралија

6 октомври, 2024 г.  Деновиве Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија електронски го дистрибуира 69 издание на списанието „Повод“е посветено на литературата, културата, историјата и општествените...

Read more

Работилница „Мост меѓу генерациите е љубовта кон книгите“

by Admin
септември 28, 2024
0
Работилница  „Мост меѓу генерациите е љубовта кон книгите“

28 септември, 2024 г.  Вчера во нашата НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид беше реализирана работилница дел од проектот „Мост меѓу генерациите е љубовта кон книгите“, финансиран од Министерството...

Read more
Next Post
Познати имињата на наградените од поетскиот Конкурс „За Прличев и Охрид каков што тој го сакал“

Познати имињата на наградените од поетскиот Конкурс „За Прличев и Охрид каков што тој го сакал“

Поврзани вести

Почни – започнатото е половина

јули 18, 2021
Нови книги и роднокрајни автори родени во јануари

Нови книги и роднокрајни автори родени во јануари

јануари 13, 2021
Со поезија, цртежи и музика библиотеките од Охрид, Струга и Поградец заедно во проектот „Слушни го Езерото“

„Слушни го езерото“ 2024 ( видео )

јуни 27, 2024

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 207

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?