24 февруари, 2021 г.
Лајонс клубот „Лихнидос“ и неуморниот проф. д-р Зоран Тунтев продолжија со поддршката на лицата со ретки болести. Од вечерва во боите на „ретките“ блеснаа и НУ Библиотека „Григор Прличев“ и спомен – бистата на големиот охридски и македонски преродебник од 19 век – поетот Прличев.
На овој начин и вработените во Библиотеката во Охрид, како и бројните охриѓани масовно ја поддржуваат Националната кампања за актуелизирање на проблемите на лицата со ретки болести која веќе трета година ја спроведува Здружението „Живот со предизвици“.
Во земјава има околу две илјади луѓе со ретки болести и со приближно 100 различни дијагнози. Уште од почеток се соочуваат со најразлични проблеми: Дали има лек за нив, колку е достапна терапијата и колку чини?
Во Регистарот на ретки болести кај нас моментално се запишани 575 пациенти, лек се набавува за 185 од нив бидејќи за само 35 различни болести постои терапија која оди преку Програмата од Министерството за здравство. Минатата година од Буџетот биле издвоени 575 милиони денари а оваа 2021 година предвидени се 520 милиони денари за лекови за потребите на овие пациенти.
Се чини цел Охрид дише со мотото: „За да не се ретки оние кои знаат за ретките “
НУ Библиотека