Денес е Светски ден на мајчиниот јазик

21 февруари, 2021 г.

Јазикот е богатство, оружје и еден културен белег на секоја заедница. Во светот постојат околу шест илјади јазици (воодушевувачки нели), а на половина од нив им се заканува исчезнување во многу делови од светот. Мајчиниот јазик кој го знаеме и говориме уште од мали нозе е идентитетски поврзан со нас и нашето постоење, тоа е јазикот на кој ни зборуваат родителите, тоа е оној на кој ги учиме првите зборови и лесно го разбираме. 

Јазикот е средство со кое ние дознаваме што мисли, што чувствува и што сака нашиот собеседник. Во него има одделни гласовни знакови или зборови за сите мисли, чувства и желби на еден човек, затоа јазикот на еден народ е негово духовно богатство и наследство во кое се заклучуваат отпечатени во гласовни знакови или зборови сите народни мисли, чувства и желби со коишто има живеено и живее еден народ и коишто се предаваат како нешто свето од едно поколение на друго.

Во светот денеска се одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, кој УНЕСКО го прогласи на 30-тата сесија на Генералната конференција во 1999 година. Во 2000 година 21 февруари е промовиран како Ден на лингвистичка и културна разновидност и мултилингвизам.

Анализите на УНЕСКО покажуваат дека може да исчезнат околу 2.500 јазици од речиси 6.000 што се зборуваат во светот. Во изминатите 90 години исчезнале околу 200 јазици, а 199 ги зборуваат помалку од десет луѓе. Последен што исчезнал е „ајак“, јазик што го зборувала жена која починала во 2008 на Алјаска.

Треба да го негуваме и чуваме ова културно наследство!

По повод денешниот ден споделуваме неколку цитати во чест на јазикот.

„Јазикот е нашата татковина“. – Блаже Конески

„Дај му повеќе одмор на јазикот отколку на рацете“. – Л. Толстој

„Ако со човек зборуваш на јазик кој тој го разбира, тоа заминува во неговата глава. Ако со човек зборуваш на неговиот јазик, тоа заминува во неговото срце“. – Н. Мандела

„Но, ако мислата може да го расипе јазикот, и јазикот може да ја расипе мислата“. – Џорџ Орвел

„Политичкиот јазик е осмислен така да прави лагите да звучат вистинито и убиството достојно за почит, и да му се даде цврстина на ветрот во магла“. – Џорџ Орвел

„Без јазикот ќе си недостигаме самите на себе, оти само јазикот никогаш не нè оставил сами и тој памети многу повеќе отколку што ние можеме да заборавиме“. – Петре М. Андреевски

Вистинско богатство е јазикот што глувите можат да го чујат, а слепите да го видат“. – Марк Твен

Поврзани вести

ЈАВЕН ПОВИК За прибирање на понуди за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање на отпад

12 јули, 2024 г.  ЈАВЕН ПОВИК  За прибирање на понуди за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање на отпад Националната...

Read more
Општина Охрид го започна проектот „Да ги овековечиме вредностите“

26 јуни, 2024 г.  Општина Охрид преку Програмата за култура започна да го реализира проектот –„Да ги овековечиме вредностите“. Целта на проектот е сликање мурали на истакнати охридски дејци, кои...

Read more
Со поезија, цртежи и музика библиотеките од Охрид, Струга и Поградец заедно во проектот „Слушни го Езерото“

22 јуни, 2024 г.  Вчера на Денот на Охридското Езеро во наша организација заеднички со колегите од Библиотеките од Струга и Поградец го одржавме завршниот настан од поетско...

Read more
Со регионална средба на хортикултурните библиотеки одбележан Денот на биодиверзитетот

23 мај, 2024 г.  Со Регионалната средба на хортикултурните библиотеки, вчера, Националната установа Универзитетска библиотека  „Св. Климент Охридски “- Битола ја започна реализацијата на проектот „Хортикултурни библиотеки” за...

Read more
Next Post

Поврзани вести

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?