BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

120 години од раѓањето на А. ден Долард чие творештво е врзано со Охрид

февруари 8, 2021
in Актуелно
120 години од раѓањето на А. ден Долард чие творештво е врзано со Охрид

8 февруари, 2021. г.

Вчера се навршија 120  години од раѓањето на холандскиот  писател А. ден Долард  кој  во текот на речиси целиот свој живот бил емоционално врзан за Македонија. Автор е на книги и статии во кои ја промовирал Македонија, со посебен нагласок на Охрид којшто е опишан во неговата книга „Свадбата на седумте Цигани“.

Книгата се вбројува меѓу најпознатите дела на авторот, кој со неговите дела се смета за најголем промотор на Охрид и Охридското Езеро во Холанидија.  Првото објавување на македонски јазик книгата го доживеала дури во 2006 година. Книгата е издадена во Охрид од страна на „ВИС ПОЈ“. Преводот е на Виолета Лопстра – Стојаноска и насловот е „Свадба во Охрид“.

Книгата првпат е издадена во 1939 година, по што доживува други многубројни изданија на холандски јазик а преведена е и на други европски јазици. Таа е единствената книга од А. ден Долард што е објавена на македонски јазик.

Дејството на романот е концентрирано во Охрид и околу Охридското Езеро, каде авторот престојувал често и долго, при што инспирацијата ја црпел од непосредното контактирање со месното население и живеејќи го нивниот начин на живот.

Уште со првото објавување книгата го привлекла вниманието на холандската читателска публика, која веќе имала голем интерес кон делата на авторот. Кај читателите се јавил интерес и кон местата кои се спомнуваат во книгата, а со тоа таа побудила интерес за посета на Македонија. Како последица се јавуваат бројните посетители од Холандија кои со децении се меѓу најбројните туристи во Македонија

А. ден Долард во Македонија нашол инспирација и за други книги: 

  • „Дивјаците на Европа“ (De wilden van Europa, 1932) – патопис
  • „За слобода и смрт“ (Van vrijheid en dood, 1933) – патопис
  • „Четири месеци кај комитите, повластени убијци“ (Quatre mois chez les comitadjis, meurtriers patentés, 1934) – репортажа
  • „Ориент Екеспрес“ (Oriënt-Express, 1934) – роман посветен на борбата за слободна Македонија
  • „Заедно е двапати сам“ (Samen is twee keer alleen, 1976) – роман

На 29 мај 2006 година, во Охрид е откриен споменик во чест на А. ден Долард. Споменикот е дизајниран од македонскиот архитект Владимир Таиќ, според идејата на шефот на Холандско-македонската стопанска комора во Македонија, Питер Џон Босе.   На откривањето на споменикот во Охрид присуствуваа потомците на А. ден Долард.

Мишо Јузмески од Охрид во  сопствениот  КИЦ „Култура 365“ има катче посветено на  писателот Долард  и му се навраќа по разни поводи и организира литературни средби во негова чест а пишува огледи и публиикации.

НУ Библиотека

Посетеност: 310
Share30
Admin

Admin

Поврзани вести

Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани ја посети НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

by Admin
август 20, 2026
0
Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани ја посети НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

 Денеска Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани  престојува во Охрид, Тој беше  во прва работна посета на институциите од областа на културата по неговото назначување на функцијата....

Read more

Заедничка промоција на туристичките потенцијали на Чешка и С. Македонија во Охрид

by Admin
август 18, 2026
0
Заедничка промоција на туристичките потенцијали на Чешка и С. Македонија во Охрид

Утре – среда 19 август во Охрид, во „Прличевата одаја “ на НУ Библиотека „Григор Прличев“ како придружен настан во рамките на официјалната посета на заменик-премиерот и министер...

Read more

Утре – сабота свечено ќе биде отворена обновената „Прличева одаја“

by Admin
јули 17, 2026
0
Утре – сабота свечено ќе биде отворена обновената „Прличева одаја“

Утре, 18 јули од 11 часот на пригодна свеченост во НУ Библиотека „Григор Прличев“ по неколку месечна адаптација ќе биде симболично отворена обновената „Прличева одаја“. Обновениот  мултифункционален простор...

Read more

Промоција на „Македонија низ вековите“ од д-р Виолета Ачкоска

by Admin
јули 15, 2026
0
Промоција на  „Македонија низ вековите“ од д-р Виолета Ачкоска

     Утре, четврток во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана најновата книга на истакнатата македонска историчарка, проф. д-р Виолета Ачкоска „Македонија низ вековите.“ Книгата...

Read more

Утре ќе се одржи регионалниот поетски фестивал „Слушни го Езерото“

by Admin
јуни 18, 2026
0
Утре ќе се одржи регионалниот поетски фестивал „Слушни го Езерото“

Во пресрет на 21 јуни -  Денот на Охридското Езеро, НУ Библиотека „Григор Прличев“ утре од 11 часот  ќе ја одржи манифестацијата СЛУШНИ ГО ЕЗЕРОТО. Проектот е финансиски...

Read more
Next Post
Понудата на библиотеката збогатена со уште девет наслови

Понудата на библиотеката збогатена со уште девет наслови

Поврзани вести

Струга- дом на поезијата и во пандемија

Струга- дом на поезијата и во пандемија

август 29, 2020

Грешките се доказ дека сте се обиделе. Не откажувајте се

август 24, 2020
Годината ни почна убаво во еден ден 54 читатели во Библиотеката

Годината ни почна убаво во еден ден 54 читатели во Библиотеката

јануари 3, 2024

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 310

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?