6 февруари, 2021 г.
Нашата Библиотека достојно и годинава и покрај пандемијата му се оддолжи на патронот. Во рамките на манифестацијата „Прличеви беседи 2021“ во Охрид беше промовирана книгата „Григор Прличев и неговиот ХIХ век“ од Вера Сточевска – Антиќ и приредувачот Милчо Јованоски. Промотор беше д-р Димитар Пандев.
-За ракописот „За Григор Прличев и неговиот 19 век“, поместена во оваа книга, во која нагласувајќи го доменот на интерес на од Вера Стојчевска-Антиќ, јасно го оцртува стремежот за изрзување на посебен македонски јазик на македонските творци. Таа јасна желба, се надоврзуваме, кај Прличев се јавува по една негова ретроспетвна на сите јазични заложби на овие простори од преткирилометодиевско време во времето на црковнонародната борба во Македонија предводена од Григор Прличев и на Охридскиот заговор, – време во кое Прличев спокојно ги поминува последните свои денеови не без револуционерно друштво и не без песни со длабока христијанска интонација и не без граѓанско-револуционерен призвук. Прличев, имено, во тие денови, откако во претходниот бурно-неспокоен живот налик на брод фрлен на морска стихија, ќе ги воспее и Кузмана Капидан, и ќе беседи за Кирил и Методиј, и за Климент Охридски, низ песна ќе ги воспее подвизите на охридските заговорници, претходниците на илинденците.
Не би го кажал ова и не би го напишал, да не ја прочитав книгата на Вера Сточевска Антиќ, во чие подготвување значајна улога имаше и Милчо Јовановски. Книгата инспирира и отвора реминсценции, рече промоторот, прф. д-р Пандев.
-Книгата со својата содржина е посебно актуелна денес. Познато е дека доменот на моите научни истражувања се движи од IX до XIX век. Колку што биле силни и значајни тие почетоци во IX век, толку на одреден начин останале недоволно идентификувани во XIX век. Таа и во овој труд ги бара постојните преоди на нашиот јазик од времето на старословенскиот литературен јазик, кој во разните словенски средини преминува од XII век во црковнословенски, за да се дојде до XIX век со потреба од изрзување на сопствен литературен јазик, различен од бугарскиот, од српскиот, а разбирливо тоа е евидентно и со грчкиот јазик, рече авторката на книгата д-р Стојчевска – Антиќ.
Покрај 12 трудови од д-р Стојчевска – Антиќ книгата содржи и 13 автографски записи, документи, мислења од м-р Милчо Јованоски.
– Уверен сум дека нема човек од Охрид кој е близок до книжевноста и јазикот а кој на еден или друг начин не посакал да му се доближи условно речено на Прличевото време и да стави камче во големиот мозаик сврзан со него . Ете мене искрено ми се исполни тој сон да творам за нашиот Прличев. Од дете, па до овие мои скоро шест децении неколку пати сум ја читал Автобиографијата на Прличев и верувајте одново при секое читање сум откривал многу нови факти кои како првпат да ги читам. Тоа е доказ дека Прличев е слоевит автор. Тој со своите дела оставил неизбришлива трага во вкупната меморија на луѓето и тлото до каде што стигнал. Од Охрид до Атина, Софија, Солун и пак Охрид. Неговиот живот е преполн со плими и осеки. Воздигнат до Хомера, нападнат од мнозина. Болен не само физички туку и во душата. Разочаран од постапките на луѓето околу него, згаснува неговиот живот.
Вљубеноста во родниот Охрид била дотолку голема што градот го нарекувал „таткојна“. Тоа доволно сведочи за него и односот кон сограѓаните, градот и дојденците. Оваа „книжевна читанка“ истовремено е мал туристички водич низ Охрид. Истражував и обелоденив податоци и слики за куќата и гробот на Григор Прличев, за семејното стебло кое за прв пат се објавува кај нас во печатена форма, за најстарите изданија на негови значајни дела кои ги поседува нашата библиотека, филмови за Прличев, Прличевите визити, добитници на наградата за најдобра поема… Секој мој текст започнува со некоја мисла на Прличев, рече Јованоски.
Автор на дел од фотографиите во книгата е Емил Јовановиќ, на една и академик Миле Миќуновќ. Уредник на книгата е директорката на НУ Библиотека „Григор Прличев’ која се појавува и како нејзин издавач со финансиска поддршка на Министерството за култура и Општина Охрид а е печатена во „Ирис принт “ – Струга.
Традиционално делегации од наши – колеги вработени во Библиотеката полагаат свежо цвеќе на гробот и на бистата пред нашата установа така беше и годинава.
Во делегациите беа: Христина Трпеска, Даниела Ристеска, Коста Трифуноски, Весна Симоноска, Мариче Боздоганова и Бети Лазеска – Симоноска.
НУ Библиотека