31 декември, 2020 г.
ИТ компанија „Мусала Софт“донира новогодишни пакетчиња кои НУ Библиотека „Григор Прличев“ ги подели на ученици. Подароците секогаш се добредојдени, бидејќи придонесувањето кон заедницата е една од вредностите на компанијата уште од самото основање.
„Во пресрет на Новата година и Божик нашите пријатели од интернационалната ИТ компанија „Мусала Софт“ од Скопје ни донираа 20 пакетчиња за деца со идеја нашата библиотеката „Григор Прличев“ да ги подари на ученици во училиштата во Охрид и околината. Ние како установа веќе го сторивме тои и израдуваме 20 деца – ученици од основните училишта: „Христо Узунов“, Братство – Единство“, „Григор Прличев“ и „Св. Климент Охридски“ од Охрид како и ученици од ОУ „Дебрца“ во Подмоље и од ОУ „Ванчо Николески“ во Лескоец и Косел,“велат од библиотеката.
„Со нашите колеги заедно поминуваме низ предизвиците, заедно постигнуваме успех, заедно правиме добро. Тие се носители на нашите вредности.“ вели Роберт Павлов, оперативен директор – Македонија.
Мусала Софт е ИТ компанија која нуди софтверски услуги за светски познати корпорации. Нивните сегашни проекти се во областа на најпредизвикувачките и најбрзо растечките ИТ трендови околу дигитална трансформација.
Оваа 2020 година ја смени динамиката на работењето па преку новиот начин на „работа од дома“, Мусала ангажира вработени кои можат да работат надвор од локациите на канцеларијата во Скопје, односно низ целата наша земја.
НУ Библиотека „Григор Прличев“ упатува благодарност до ИТ компанијата Мусала Софт за донацијата и соработката со желби за успешна 2021 година!
НУ Библиотека