BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

Почина роднокрајниот автор Драган Спасески – Охридски

ноември 28, 2020
in Актуелно
Почина роднокрајниот автор Драган Спасески – Охридски

По кусо боледување, вчера како последица од подмолниот Ковид – 19  на 60 годишна возраст почина познатиот доктор, хуманист,уметник и поет Драган Спасески – Охридски. 


Драган Спасески Охридски е роден 1960 година и по професија беше  доктор-специјалист ортопедски хирург, вработен во Костнозглобната болница во Охрид.

Ние, охриѓани ќе го паметиме како исклучително вреден, коректен и уметнички надарен со безброј таленти.

Галеријата „Резонанса“ беше дел од неговиот семеен дом. Во неа најчесто ги изложува своите дела а со поезија и сликарство освен во Охрид и Македонија се претставил во САД, Германија, Србија, Црна Гора. Паралелно со книгите и сликарството создаваше  мултимедијални проекти, а работеше и дизајн.

Во 2010 година НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид го реализираше првиот дел од проектот „Роднокрајни автори“ во кое новнарот и публицист Милчо Јованоски, тогаш како надвореше соработник меѓу десетте одбрани творци од Охрид направи едночасовно аудио интервју и со сега за жал покојниот Драган Спасески – Охридски.

Во чест на сестраниот уметник, лекар и хуманист денеска го преобјавуваме тоа интервју кое подоцна стана дел и од култниот серијал на авторот Јованоски под наслов: МОЈОТ ЖИВОТ, МОЈОТ СВЕТ

Во новото издание на аудио форматот „Мојот живот, мојот свет“ ни гостува  Драган Спасески – Охридски  поет и сликар.

Всушност интервјуто што ќе можете да го слушнете – премиерно е дел од проектот на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид – „Роднокрајни автори“ и е реализирано во мај 2010 година.

Со клик на линкот слушнете го интервјуто со д-р Драган Спасески. Автор и водител: Милчо Јованоски

Во него отворено д-р Спасески зборува за сопствената страст кон книгата добиена од неговите родители – преку богатата домашна библиотека. Тој се сеќава како уште во прво одделение ги прочитал сите книги во охридската библиотека кои биле задолжителни до четврто.

DRAGAN FOTO 3

-Читав многу, по две до три книги во денот, вели Драган. Потоа ни зборуваше за првата награда освоена на републичко ниво во петто одделение во Делчево на „Гоцеви денови“, на првиот настап на Радио Охрид, шесте години минати во КУД „Бисери“ во првата негова генерација, како и за неговото учество во креирањето на списанието „Јужен бран“ во гимназијата. Најомиленото место во детството и младоста му бил полигонот за мали спортови каде играл најмногу кошарка а како средношколец и ракомет за тогашна екипа „Електромонтажа“.

Ни раскажува  за неговиот најверен  другар и колега  – сега покојниот д-р Александар Ракичевиќ …

Ги допираме и вонвременските теми и Охрид како негова инспирација…

DRAGAN FOTO 4

Драган Спасески е роден е на 22 јуни 1960 година во Охрид. Завршил Медицински факултет во Скопје. Работи во Јавната здравствена организација Костнозглобна болница во Охрид.

Галеријата „Резонанса“ е дел од неговиот семеен дом. Во неа најчесто ги изложува своите дела а со поезија и сликарство освен во Охрид и Македонија се претставил во САД, Германија, Србија, Црна Гора. Паралелно со книгите и сликарството создава мултимедијални проекти, работи дизајн,

Тој е автор на стихозбирките:„Апокалиптичен нарцис“ (поезија, 1989), „Сè трепери“ (поезија, 1996),Три точки – хаику ( 2008 ) „Погледни во себе“ ( 2004)

Во 2012 година Спасески објави пет книги поезија со по 100 песни, по повод 50-годишнината од раѓањето.

Промотор на проектот беше професорот Ферид Мухиќ. Сите проекти беа мултимедијални. Се промовираа книги поезија со насловите на проектите и истовремно ликовни дела, некогаш масла на платна или компјутерска графика од циклусот „Охридските ангели“.

Во 2015 година излезе луксузна монографија „Охридска Мадона“  која содржи избор од уникатни сликарски дела и поезија создавани во текот на неговиот богат 25-годишен творечки живот.

DRAGAN FOTO 5

-Нагоните се внатре како кристали.

Каде што нема лик и фигура ,нема драма.

Уметноста не е инспирација туку дружење со Бога, ќе напише во монографијата  Драган Спасески – Охридски.

DRAGAN FOTO 1

Автор на монографијата е еминентниот историчар на уметност Дејан Ѓориќ од Белград – Србија кој пишува за сликарството на Охридски . По неговиот воведен текст „Охридска Мадона“ е насловена и монографијата во чие создавање како ко-автор се појавува проф.д-р Кристина Николовска која опсежно се осврнува на поетското творештво на д-р Драган Спасески – Охридски. Нејзиниот текст носи наслов: „Поетската светлина на Охридски.

dragan i rusomir

„ Тој искрено побара од зборот да и’ се „обрати“ на сликата а сликата пред нас, ја замоли да го „праша“ зборот, формите ги помоли да го „ наслушнат ветрот“ на синергиите и симбиозите на уметностите… А нас, како на свои , не’ одведе пред своите височества, та пред нив, тој самиот – се помоли за нас,“ вели д-р Николовска.

Свовремено познатиот историчар на уметност Борис Петковски ќе каже и запише: „Малку има современи сликари што на толку сигурен и префинет начин го возвишиле вечниот мотив на мајчинството, мајката и детето, Марија и малиот Исус, малкумина од нив ја сфаќаат човечноста како тематика. Уметникот Спасески го претставува своето семејство на универзален начин свесен, за вечните но сега загрозените вредности, сликарството за него е посветеност на тајната и израз на љубов, затоа што, таа сама по себе е чин на верата.“

dragan spaseski

Авторот на монографијата Ѓориќ ќе запише: „ Сликарството на македонскиот уметник Спасески – Охридски го сочинуваат семејните портрети и портретите на пријателите, автопортрети, технички изискувачки прикази на човечки фигури и дела со мистичен карактер. Не станува збор само за интимно штафелајно сликарство во духот на најдобрите остварувања на европската уметност. Сликарот ја обновува заборавената тематика,зашто психолошките портрети малку кој умее да ги слика, камоли да ја осовремени ренесансата или естетиката на симболизмот.“

ах … кога творам

меѓу сништа и ѕвезди

во тебе Боже

 

во тебе… Боже

мислам значи треперам

значи постојам

 

Релативно е

се … апсолутна ли е

релативноста

 

прости ми Боже

припитомен ли си … во

дивиот човек

 

штом веќе леташ….

Гледај каде што најбрзо

можеш да слеташ.

 

ни темнина ни

тежина а течнина

ем вечнина…Ти

 

ако не знаеш

проблемот да го решиш

Не создавај го …

 

за невдомени

зборови … Песните се

прифатни центри

 

и најдоброто

не секогаш подобро

е … Од доброто

 

ќе бидам што сум …

Ако бев што не сум бил

не ќе бев што сум

НУ Библиотека – Охрид

Посетеност: 247
Share30
Admin

Admin

Поврзани вести

Утре,  Библиотеките од Охрид и Нашице – Хрватска ќе потпишат протокол за соработка

by Admin
јуни 19, 2025
0
Утре,  Библиотеките од Охрид и Нашице – Хрватска ќе потпишат протокол за соработка

 19 јуни,2025 г.                Во дводневна  посета на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид доаѓаат претставници од Градската библиотека од Нашице –...

Read more

Утре, Трета средба на роднокрајнитe автори и промоција на збирката „По стапките на Прличев“

by Admin
јуни 17, 2025
0
Утре, Трета средба на роднокрајнитe автори и промоција на збирката „По стапките на Прличев“

17 јуни, 2025 г.  НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во рамките на проектот „Трета годишна средба на роднокрајни автори“ дел од програмата за работа на установата а...

Read more

Во Охрид успешно реализиран проектот „Цветна библиотека“

by Admin
јуни 13, 2025
0
Во Охрид успешно реализиран проектот „Цветна библиотека“

13  јуни, 2025 г.  Пред два дена во рамки на активностите кои се дел од промоцијата и развојот на мрежата на хортикултурните библиотеки во државата и пошироко во...

Read more

Промоција на книгата „Ткаенина на животот“ од д-р Симона Мартиноска

by Admin
јуни 12, 2025
0
Промоција на книгата „Ткаенина на животот“ од  д-р Симона Мартиноска

12 јуни, 2025 г.  Утре, петок во 12 часот во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана збирката раскази „Ткаенина на животот“  од...

Read more

Регионална средба и работилница „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“ во Охрид

by Admin
јуни 10, 2025
0
Регионална средба и работилница „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“ во Охрид

10 јуни, 2025 г.  Утре, среда од 11 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе се одржи Регионална средба и работилница на тема: „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“....

Read more
Next Post
Нов месец – нови книги во Библиотеката

Нов месец – нови книги во Библиотеката

Поврзани вести

Силвија Крстевска кај возрасните и Бисера Ангелоска кај децата нај читатели во 2022

Силвија Крстевска кај возрасните и Бисера Ангелоска кај децата нај читатели во 2022

април 24, 2023
Нечовски: Се радувам што по многу ЦД и ДВД изданија објавив и стихозбирка

Нечовски: Се радувам што по многу ЦД и ДВД изданија објавив и стихозбирка

февруари 24, 2024
По повод Денот на шегата и во пресрет на  Светскиот ден на литературата за деца нашата Библиотека гостуваше во ООУ „Св. Климент Охридски“

По повод Денот на шегата и во пресрет на Светскиот ден на литературата за деца нашата Библиотека гостуваше во ООУ „Св. Климент Охридски“

април 1, 2022

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 247

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?