9 ноември 2020 г.
Ноември е богат со родендени на наши роднокрајни автори. Во текот на овој месец според евиденцијата на Библиотеката се родени: Стојан Ристески, Димче Џајкоски, Димче Донески, Севим Адем – Сана, Митре Велјаноски и Никола Митровиќ – Бабе.
Со своето плодно творештво сите тие оставиле или оставаат трајна трага во колективната меморија на Охрид и нивните современици. Ако накусо се анализира нивното творештво може да се забележи шаренило од родови и стилови. Поезија, проза, публицистика, стручна литература… Но во секое нивно дело зрачи љубовта кон Охрид и битисувањето во него.
Сите нивни изданија грижливо и љубоморно се чуваат во нашето Роднокрајно одделение и чекаат да бидат одново прочитани од младите генрации читатели – членови на НУ Библиотека „Григор Прличев“од Охрид.
НУ Библиотека