27 октомври, 2020 г.
НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид со средства добиени од Министерството за култура во рамките на Годишната програма за работа, неодамна набави нов контингент од лектирните изданија.
Овој пат ви претставуваме шест книги од македонски автори кои влегуваат во антологијата на македонската литература за деца. Се работи за следните наслови: „Итар Пејо“ од Стале Попов, „Белото циганче“ од Видое Подгорец, „Големи мали“ од Бошко Смаќоски, „Зоки Поки“ и „Девојките на Марко“ од Оливера Николова и „Орхан“ од Неџати Зекирија.
Повозрасните ќе се сетат на нивната содржина а младите генерации читајќи ги ќе можат да уживаат во згодите и незгодите на детските јунаци кои се врамени меѓу кориците од романите.
Годишната членарина за деца е 200 а за возрасни 300 денари. Ве очекуваме .
НУ Библиотека