НУ Библиотека „Григор Прличев“: Одделот за издавање ќе работи од 8 и 30 до 18 и 30

НУ Библиотека „Григор Прличев“: Одделот за издавање ќе работи од 8 и 30 до 18 и 30

Posted by Milco Jovanoski in Актуелно 31 Aug 2020

31 август, 2020 г. 

Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид по летната пауза од утре 1 септември го враќа старото – стандардно време за работа со читатели.

Позајмувањето и враќањето книги во библиотеката ќе се одвива секој работен ден во терминот од 8 и 30 до 18 и 30 часот.

Поради задолжителната дезинфекција, паузата меѓу двете смени ќе е од 13 до 13 и 30 часот.

Читалната и натаму останува затворена а во Библиотеката на сила се и сите превентивни протоколи во борбата против Ковид -19