Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид се чека ред за книга

Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид се чека ред за книга

Posted by Milco Jovanoski in Актуелно 10 Aug 2020

10.08.2020 г.

Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ и во овие летни Ковид времиња е фреквентно и е посетена од голем број читатели..

Невообичаено за библиотеките, во Охрид се чека ред за враќање и позајмување книги како да сте пред шалтерите на некоја банка , пошта или друга институција.

Библиотеката ги спроведува сите здравствени и превентивни протоколи и работните простории се дезинфицираат по два до три пати во денот а вратените книги се третираат под посебен протокол.

До почетокот на септември библиотеката е отворена секој работен ден од 8 и 30 до 16 часот со пауза за дезинфекција на шалтерскиот  и другите помошни простории  во времето од 12 до 12 и 30 часот.