10.08.2020 г.
Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ и во овие летни Ковид времиња е фреквентно и е посетена од голем број читатели..
Невообичаено за библиотеките, во Охрид се чека ред за враќање и позајмување книги како да сте пред шалтерите на некоја банка , пошта или друга институција.
Библиотеката ги спроведува сите здравствени и превентивни протоколи и работните простории се дезинфицираат по два до три пати во денот а вратените книги се третираат под посебен протокол.
До почетокот на септември библиотеката е отворена секој работен ден од 8 и 30 до 16 часот со пауза за дезинфекција на шалтерскиот и другите помошни простории во времето од 12 до 12 и 30 часот.