Нови книги кои ќе го привлечат вашето внимание
12 мај, 2021 г. Неделната понуда од нови наслови ние од НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ја започнуваме со книгата за деца „Мојот свет“ во издание на Панили од познатиот македонски автор Киро Донев, омилен на генерации читатели. Овој преглед содржи дела претежно од домашни автори. Премостени соништа од Ана Рингачева Витанова во издание на Силсонс, Клучот на Ивана од Ленка Попоска...