15 септември, 2020 г.
Во рамки на активностите посветени 1 октомври, Меѓународниот ден на стари лица, Клубот за грижа за стари лица при Црвен крст Охрид објавува литературен и ликовен конкурс на тема „Чувајте се, за ние да бидеме среќни“.
На конкурсот може да учествуваат учениците од основните и средните училишта на општините Охрид и Дебарца со дела од поезија, проза и ликовна уметност.
Ликовните и литературните творби може да се доставуваат во просториите на Црвен крст Охрид, ул. Димитар Влахов бр. 52, или да се испратат на е-маил: ohrid@redcross.org.mk, започнувајќи од 15 септември, а најдоцна до 28 септември 2020 г.
Доставените творби ќе ги разгледува и оценува соодветна комисија, а најдобро рангираните творци по категории: прво до петто одделение; шесто до девето одделение и средно образование, ќе бидат објавени во првата половина на октомври 2020 г., кога и ќе им се доделат соодветни награди.
Творбите треба да бидат потпишани од авторот со податоци за име и презиме, возраст, училиште-одделение/клас, контакт телефон и адреса на живеење.
Извор: Црвен крст – Охрид