BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани ја посети НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

август 20, 2026
in Актуелно
Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани ја посети НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

 Денеска Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани  престојува во Охрид, Тој беше  во прва работна посета на институциите од областа на културата по неговото назначување на функцијата.

Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ беше пречекан од директорката на установата Христина Трпеска и вработените.

Трпеска, накусо го запозна министерот Сулејмани со  тековното работење, но и со состојбите и проблемите со кои Библиотеката се соочува  во секојдневието.  Посебно внимание во разговорот беше посветено на програмите и проектите што институцијата ги подготвува за следната година, а кои се дел од нивните предлог-програми во рамки на Годишната програма на Министерството за култура и туризам.

Директорката Трпеска ги презентираше и  своите планови и приоритети, како и потребите за унапредување на условите за работа, реализација на квалитетни програмски содржини, нови проекти и создавање можности за поголема достапност на културните содржини до граѓаните и посетителите.

Сулејмани го истакна значењето на Охрид како еден од најзначајните културни центри во државата, со исклучително богато културно наследство, но и со динамичен и препознатлив современ културен живот. Тој посочи дека воспоставувањето директна и континуирана комуникација со културните институции е една од неговите заложби, со цел преку непосреден увид во работата да се согледаат реалните потреби и заеднички да се утврдат приоритетите за нивен натамошен развој.

„Охрид има посебно место во македонската култура. Тука се среќаваат богатото културно наследство, традицијата и современото творештво. Нашата обврска е да го зачуваме она што го наследивме, но истовремено да создаваме услови културата да живее, да се развива и да биде достапна до сите.

Тоа можеме да го постигнеме само со силни институции и со партнерски однос со луѓето кои секојдневно го создаваат и го чуваат културниот живот“, рече Сулејмани.

Тој нагласи дека Министерството за култура и туризам  останува посветено на поддршка на работата на културните установи, особено во делот на квалитетните програмски содржини, заштитата и афирмацијата на културното наследство и создавањето услови за современ културен развој.

Работната посета на Охрид следуваше по синоќешното присуство на министерот Сулејмани на завршниот концерт со кој беше заокружена музичката програма на 66-тото издание на фестивалот „Охридско лето“.

Министерство за култура и туризам

НУ Библиотека

Посетеност: 1.086
Share34
Admin

Admin

Поврзани вести

Заедничка промоција на туристичките потенцијали на Чешка и С. Македонија во Охрид

by Admin
август 18, 2026
0
Заедничка промоција на туристичките потенцијали на Чешка и С. Македонија во Охрид

Утре – среда 19 август во Охрид, во „Прличевата одаја “ на НУ Библиотека „Григор Прличев“ како придружен настан во рамките на официјалната посета на заменик-премиерот и министер...

Read more

Утре – сабота свечено ќе биде отворена обновената „Прличева одаја“

by Admin
јули 17, 2026
0
Утре – сабота свечено ќе биде отворена обновената „Прличева одаја“

Утре, 18 јули од 11 часот на пригодна свеченост во НУ Библиотека „Григор Прличев“ по неколку месечна адаптација ќе биде симболично отворена обновената „Прличева одаја“. Обновениот  мултифункционален простор...

Read more

Промоција на „Македонија низ вековите“ од д-р Виолета Ачкоска

by Admin
јули 15, 2026
0
Промоција на  „Македонија низ вековите“ од д-р Виолета Ачкоска

     Утре, четврток во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана најновата книга на истакнатата македонска историчарка, проф. д-р Виолета Ачкоска „Македонија низ вековите.“ Книгата...

Read more

Утре ќе се одржи регионалниот поетски фестивал „Слушни го Езерото“

by Admin
јуни 18, 2026
0
Утре ќе се одржи регионалниот поетски фестивал „Слушни го Езерото“

Во пресрет на 21 јуни -  Денот на Охридското Езеро, НУ Библиотека „Григор Прличев“ утре од 11 часот  ќе ја одржи манифестацијата СЛУШНИ ГО ЕЗЕРОТО. Проектот е финансиски...

Read more

По Котор библиотекарските средби ги продолживме во Цетиње

by Admin
јуни 12, 2026
0
По Котор библиотекарските средби ги продолживме во Цетиње

По потпишаниот Меморандум за соработка во Котор, Црна Гора делегацијата од НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид предводена од директорката Христина Трпеска беше во посета и на колегите...

Read more
Next Post
Вчера заврши осмиот Балкански поетски камп за млади „Ванчо Николески“кој се одржа во Охрид, Лескоец и Црвена Вода.

Вчера заврши осмиот Балкански поетски камп за млади „Ванчо Николески“кој се одржа во Охрид, Лескоец и Црвена Вода.

Поврзани вести

Заврши Третата меѓународна конференција на библиотекари

Заврши Третата меѓународна конференција на библиотекари

април 28, 2023
Нови интересни наслови во библиотеката

Нови интересни наслови во библиотеката

јули 21, 2021

„За да можеш да пишуваш за животот, прво мора да го живееш.“- Хемингвеј

октомври 12, 2020

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 1.086

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?