22 јули, 2020 г.
Синоќа во рамките на деветтото издание на културно- забавната манифестација „На зајдисонце“ во Трпејца беше промовирана 107 книга од академик Миле Миќуновиќ „Метафора“.
Да потсетиме издавач на книгата е НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид и во неа се содржани 74 приказни од животот. Во отсуство на авторот – приредувач, книгата ја промовираше колегата Милчо Јованоски, кој пред трпејчани и гостите прочита неколку од приказните кои побудија интерс кај присутните.
Со оглед на тоа што целта на библиотеките е секогаш да бидат блиску до читателите и сега во време на корона пандемијата се чини мисијата е исполнета.
Во име на авторот и библиотеката, Здружението „За Трпејца со љубов“ од Охрид на десеттина присутни гледачи им додели по еден примерок од „Метафора“.
Вечерта беше збогатена со настапот на дуото BLACK MOON од Охрид, а организаторите и приустните ги испочитуваа сите мерки за заштита од Ковид – 19.
Покровител на манифестацијата е Општина Охрид а финансиски е помогната од Министерството за култура и Делегацијата на ЕУ во Скопје.