По повод 7 Април Светскиот ден на здравјето вчера директорката Христина Трпеска и библиотекарите Бети Лазеска –Симоноска и Милчо Јованоски од НУ Библиотеката „Григор Прличев“ беа во посета на ЈЗУ Специјализираната болница за кардиоваскуларни заболувања во Охрид.

Таму на директорката д-р Билјана Тегоска и дел од нејзиниот тим им донираа 60 веќе донирани книги со што го поттикнаа отворањето на интерна библиотека во болницата. Се работи претежно за романи и драми од охридски роднокрајни, но и познати македонски писатели.

Директорката д-р Тегоска заблагодарувајќи се во име на болницата и сегашните и идни пациенти рече дека годишно во нивниот Оддел за рехабилитација поминуваат околу 1000 пациенти и ним книгите ќе им бидат добредојдени за квалитетно да го пополнат слободното време.

Тегоска кажа дека болницата по реновирањето на одделот работи и на тоа да отвори посебно библиотечно катче, кое ќе му даде дополнителна топлина на болничкиот простор.
НУ Библиотека











