Минатата 2025 беше плодна за НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид.
Реалзирани беа над 30 проекти како дел од Годишната програма за работа финансирана од страна на Министерството за култура и туризам . Главен настан беше враќањето на Пчињското евангелие кое датира од крајот на 16 век во Библиотеката. Тоа до октомври 2025 беше на реставрација во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје и близу десет години се чуваше во нивниот трезор.
По втор пат лани станавме добитници на наградата „Јаков од Камена Река“ за најиздавачи на ниво на Македонија .
Библиотеката за оваа 2026 година во Министерството за култура и туризам има конкурирано со 45 нови проекти во библиотечната, издавачката и меѓународната дејност,фестивалите, секторот за инвестиции и за првпат во секторот за евроинтеграции.
НУ Библиотека












