BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

Утре,  Библиотеките од Охрид и Нашице – Хрватска ќе потпишат протокол за соработка

јуни 19, 2025
in Актуелно
Утре,  Библиотеките од Охрид и Нашице – Хрватска ќе потпишат протокол за соработка

 19 јуни,2025 г.      

         Во дводневна  посета на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид доаѓаат претставници од Градската библиотека од Нашице – Република Хрватска.

Утре во 11 часот во Прличевата одаја директорките на двете установи Христина Трпеска и Марија Буха ќе потпишат Протокол за соработка.

Планирана е соработка во подобрувањето на научните, стручните, образовните, издавачките и културните активности во рамките на спроведувањето на работните програми на двете институции. Формите на соработка во иднина може да бидат: размена на знаења и искуства, размена на публикации и други материјали. заедничко користење на човечки и технички ресурси и заедничка организација на научни и стручни програми, проекти од други меѓународни фондови, како и промотивни активности.

По потпишувањето на протоколот ќе следи и промоција на книгата „Македонија така далечна, а така блиска“ од авторот Драгољуб Сиљаноски, преку кого се реализира идејата за  збратимување на двете библиотеки. Настанот ќе биде поддржан и од Хрватско – македонската заедница во Охрид.

Книгата е печатена со финансиска поддршка на Советот за националните малцинства на Република Хрватска.

Сиљаноски е роден 1961 година во Кичево. Дипломирал на Економскиот факултет во Осиек. Од своето доаѓање во Хрватска, во 1972 година, па сé до денес, живее и работи во Нашице. Активно учествува во работата на македонските друштва во Осиек и Загреб, член е на Македонското културно друштво „Браќа Миладиновци“ од Осиек, член е на одборот на претставници на македонското национално малцинство во Република Хрватска, а претставник е на македонското национално малцинство за Осиечко-барањската жупанија.

Авторот на оваа книга, собирал разгледници десетина години и успеал да собере стотина. Сакајќи да ја претстави културата и историјата на својата родна Македонија, одбрал разгледници кои донесуваат мотиви од Македонија, а адресирани на лица од Хрватска. Презентираните разгледници покриваат временски период од Првата светска војна до денес и прикажуваат разни мотиви од Македонија.

Книгата ќе ја промовираат професорот по историја м-р Михаил Патчев и м-р Милчо Јованоски, виш библиотекар.

Делегацијата од Нашице во сабота на 21 јуни  ќе се приклучи во уште еден проект на Библиотеката од Охрид – „Слушни го Езерото“ во чест на Денот на Охридското Езеро.

НУ Библиотека

Посетеност: 3
Share30
Admin

Admin

Поврзани вести

Утре, Трета средба на роднокрајнитe автори и промоција на збирката „По стапките на Прличев“

by Admin
јуни 17, 2025
0
Утре, Трета средба на роднокрајнитe автори и промоција на збирката „По стапките на Прличев“

17 јуни, 2025 г.  НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во рамките на проектот „Трета годишна средба на роднокрајни автори“ дел од програмата за работа на установата а...

Read more

Во Охрид успешно реализиран проектот „Цветна библиотека“

by Admin
јуни 13, 2025
0
Во Охрид успешно реализиран проектот „Цветна библиотека“

13  јуни, 2025 г.  Пред два дена во рамки на активностите кои се дел од промоцијата и развојот на мрежата на хортикултурните библиотеки во државата и пошироко во...

Read more

Промоција на книгата „Ткаенина на животот“ од д-р Симона Мартиноска

by Admin
јуни 12, 2025
0
Промоција на книгата „Ткаенина на животот“ од  д-р Симона Мартиноска

12 јуни, 2025 г.  Утре, петок во 12 часот во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана збирката раскази „Ткаенина на животот“  од...

Read more

Регионална средба и работилница „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“ во Охрид

by Admin
јуни 10, 2025
0
Регионална средба и работилница „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“ во Охрид

10 јуни, 2025 г.  Утре, среда од 11 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе се одржи Регионална средба и работилница на тема: „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“....

Read more

Летно работно време во одделот за зајмување во НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

by Admin
јуни 5, 2025
0
Летно работно време во одделот за зајмување во НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

5 јуни, 2025 г. НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид од понеделник 9  јуни ќе работи во една смена од 08:30 до 16:30 часот. Во терминот од 08:30...

Read more

Поврзани вести

Промовирана монографијата „ 70 години библиотека Григор Прличев“ од Милчо Јованоски

Промовирана монографијата „ 70 години библиотека Григор Прличев“ од Милчо Јованоски

февруари 3, 2023
Отпечатена е монографијата „Прличеви беседи – хроника на еден културен настан“ ( 1952 – 2022)

Отпечатена е монографијата „Прличеви беседи – хроника на еден културен настан“ ( 1952 – 2022)

декември 22, 2021
Во пресрет на Прличеви беседи: Аудио запис од нашата архива-Автобиографијата

Во пресрет на Прличеви беседи: Аудио запис од нашата архива-Автобиографијата

февруари 4, 2021

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 3

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?