BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

Во пресрет на 24 Мај – Денот на Св. Кирил и Методиј промовиран новиот визуелен идентитет на Библиотеката

мај 23, 2025
in Актуелно
Во пресрет на 24 Мај – Денот на Св. Кирил и Методиј промовиран новиот визуелен идентитет на  Библиотеката

23 мај 2025 г. 

НУ Библиотека „Григор Прличев“ денеска одржа пригодна свеченост посветена на 24 мај Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј. Тоа е денот на кој започнала Моравската мисија.

Среде времето кога светлината се бореше со сенките на незнаењето, двајца браќа, родени под сводовите на Солун, тргнаа по патот што Бог им го напиша со златни букви. Кирил – ученик на зборот, тивок мудрец со срце што гореше за вистината. Методиј – цврст како карпа, спокоен и длабок како море во утро без бран.

Не носеа мечеви, не се фалеа со сила. Нивното оружје беа буквите – мали искри што палеа умови и срца. Од нивните раце се роди Глаголицата, светлински патоказ за еден народ што чекаше да проговори со свој глас. Гласот што не е туѓ, гласот што не моли, туку пее, рече меѓу другото директорката на библиотеката Кристина Трпеска и додаде:

– По повод Денот на словенските просветители, кој се чествува секој 24 мај, се потсетуваме на важните придобивки од делото на словенските рамноапостоли, светите Кирил и Методиј. Нивната мисија е од огромна важност за сиот словенски свет, а неоспорни се и универзалните вредности на нивниот предизвик.

Најзначајната мисија за браќата е Моравската мисија, за која специјално ја создале глаголицата, посебна азбука според јазикот што го зборувале Словените, составена од 38 букви. Превеле дел од Библијата на словенски јазик и неколку богослужбени книги на словенски и заминале во Велика Моравија.

Нивната дејност наишла на силен отпор од германските свештеници, кои жестоко се бореле против воведувањето на словенскиот јазик во богослужбата и против глаголското писмо.

Веста за мисионерите во Моравија стигнала и до папата Никола Први, па двајцата браќа тргнале кон Рим, на средба со папата.

За делото и големината на браќата Константин и Методиј дознал и кнезот Коцел од Панонија (Панонска мисија), кој ги повикал браќата да им помогнат на панонските Словени против германизацијата. Константин и Методиј останале во Панонија 6 месеци и во тој период ги ширеле христијанството и писменоста кај тамошното население.

Оттаму преку Венеција отпатувале за Рим.

Во Рим браќата биле примени од папата Адријан Втори. Нему му ги предале моштите од папата Климент Први. Поради мудроста и пожртвуваноста на Константин и Методиј, поради нивната мисија за ширење на христијанството и поради честа што му ја направиле на починатиот папа Климент, Адријан Втори го ракоположил Константин за свештеник, а неговите ученици за презвитери и ѓакони. На Константин му било дозволено да изведе богослужба на словенски јазик, црковните книги што биле преведени на словенски јазик и писмо биле оставени на поклонение во еден од римските храмови, а преводот на Библијата бил осветен од папата, кој дозволил во Велика Моравија и во Панонија да се одржува богослужба на словенски јазик.

Празникот е во чест на Св. Кирил и Св. Методиј, основачите на првата словенска азбука – глаголицата. Денот на македонските светители е прогласен за државен празник од. Во 11  век Црквата го прогласила 24 мај (11 мај по стар стил) за ден на светите просветители Кирил и Методиј. Денот во Македонија првпат бил одбележан на 11 мај 1860 година во црквата Св. Богородица во Скопје.

Годинава од нашата книжевна историја одбележуваме неколку светли настани: 195 години од раѓањето на нашиот патрон Григор Прличев и 195 години од раѓањето на поетот и преродбеник стружанецот Константин Миладинов.

Учениците од средното училиште „Св Кирил и Методиј “ Стефанија Алачкоска, Андреј Андреески и Матеј Христовски рецитираа песни од Константин Миладинов.

Директорката Трпеска на директорот на СОСУ „Св зКирил и Методиј“ , Ристе Јанкуоски симболично му подари членска картичка со која наскоро 110 ученици од прва година во ова училиште ќе бидат зачленети и една година бесплатно ќе зајмуваат книги.

Македонија одбележува 80 години од кодификацијата на македонскиот јазик.„Како македонски мисионери имаме семакедонска, национална и човечка должност да го чуваме, негуваме, сакаме, развиваме, проучуваме, промовираме и обновуваме македонскиот јазик, оти без нас не ќе живее, ниту ние ќе бидеме Македонци без него“. Во таа чест Библиотеката го промовира и новиот визуелен изработен од страна на графичкиот дизајнер и типограф Ласко Џуровски.

Во осуство на авторот присутните го видоа кусото интервју со Џуровски во кое тој подробно во разговор со Милчо Јованоски ја објаснува идејата и примената на новиот дизајн.

НУ Библиотека

Посетеност: 86
Share31
Admin

Admin

Поврзани вести

Утре,  Библиотеките од Охрид и Нашице – Хрватска ќе потпишат протокол за соработка

by Admin
јуни 19, 2025
0
Утре,  Библиотеките од Охрид и Нашице – Хрватска ќе потпишат протокол за соработка

 19 јуни,2025 г.                Во дводневна  посета на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид доаѓаат претставници од Градската библиотека од Нашице –...

Read more

Утре, Трета средба на роднокрајнитe автори и промоција на збирката „По стапките на Прличев“

by Admin
јуни 17, 2025
0
Утре, Трета средба на роднокрајнитe автори и промоција на збирката „По стапките на Прличев“

17 јуни, 2025 г.  НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во рамките на проектот „Трета годишна средба на роднокрајни автори“ дел од програмата за работа на установата а...

Read more

Во Охрид успешно реализиран проектот „Цветна библиотека“

by Admin
јуни 13, 2025
0
Во Охрид успешно реализиран проектот „Цветна библиотека“

13  јуни, 2025 г.  Пред два дена во рамки на активностите кои се дел од промоцијата и развојот на мрежата на хортикултурните библиотеки во државата и пошироко во...

Read more

Промоција на книгата „Ткаенина на животот“ од д-р Симона Мартиноска

by Admin
јуни 12, 2025
0
Промоција на книгата „Ткаенина на животот“ од  д-р Симона Мартиноска

12 јуни, 2025 г.  Утре, петок во 12 часот во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана збирката раскази „Ткаенина на животот“  од...

Read more

Регионална средба и работилница „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“ во Охрид

by Admin
јуни 10, 2025
0
Регионална средба и работилница „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“ во Охрид

10 јуни, 2025 г.  Утре, среда од 11 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе се одржи Регионална средба и работилница на тема: „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“....

Read more
Next Post
Ученици од ООУ „Кочо Рацин“ од Охрид и „Веселин Маслеша“ од Белград ја посетија Библиотеката

Ученици од ООУ „Кочо Рацин“ од Охрид и „Веселин Маслеша“ од Белград ја посетија Библиотеката

Поврзани вести

Најновата книга од Мишо Јузмески (Истражи го Охрид) / Explore Ohrid

Најновата книга од Мишо Јузмески (Истражи го Охрид) / Explore Ohrid

декември 2, 2020
Почина роднокрајниот автор Видое Видически

Почина роднокрајниот автор Видое Видически

декември 12, 2020
Започна ревизијата на книжниот фонд во НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

Започна ревизијата на книжниот фонд во НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

ноември 6, 2023

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 86

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?