30 април, 2025 г.
Во рамките на Проектот: „Трета годишна средба на роднокрајни автори НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид наскоро ќе го отпечати вториот поетско – прозен Алманах со наслов „По стапките на Прличев“.
Ги покануваме сите роднокрајни автори од Охрид да испратат исклучиво нови, необјавени творби на слободна тема напишани меѓу мај 2024 и мај 2025 година.
Поради ограничениот буџет книгата ќе има најмногу 100 странци и во неа ќе бидат застапени не повеќе од 45 автори со по две песни или со по 1 расказ, извадок од расказ или од роман.
Првиот Алманах беше отпечатен и промовиран во јуни, 2024 г.
Поетските творби не смеат да бидат подолги од 24 стихови а расказите, извадоци од раскази или романи да имаат вкупно – најмногу до 1800 карактери и сите творби да се напишани во 12 – Тimes New Roman.
Творбите треба да се испратат на е – адресата:
Најдоцна до 20 мај, 2025 година.
Средбата на роднокрајни автори е планирана за 18 јуни ( среда) во 12 ч.
Носител на Проектот е м-р Милчо Јованоски .
НУ Библиотека