22 април, 2025 г.
Утре – среда од 12.00 часот НУ библиотеката „Григор Прличев“ – Охрид и оваа година традициoнално ќе го одбележи Светскиот ден на книгата и авторското право кој е прогласен од УНЕСКО во 1995 година.
Утре во Прличевата одаја ќе бидат прогласени најчитателите за 2024, за деца и возрасни, најчитаните автори и дела а на бројни донатори на книги ќе им бидат врачени благодарници.
Годинава, македонската порака ја напиша проф. д-р Славица Велева а ќе биде прочитана и светската порака од г-ѓа Одре Азуле, генерален директор на УНЕСКО.
Овој датум се одбележува во целиот свет на 23 април, секоја година како симболичен датум во светската книжевност бидејќи токму овој ден е поврзан со брилијантните личности на пишаниот збор како Мигуел де Сервантес, Вилијам Шекспир.
НУ Библиотека