22 јануари, 2024 г.
По повеќе од 15 години пауза во НУ Библиотека „Григор Прличев“ профункционира во целосна смисла на зборот одделот за обработка на сериски публикации.
Наталожената со години периодика библиотекарот Владимир Куциноски, по поминатите стручни обуки започна да ја селектира и внесува во COBISS 3 системот. На COBISS 3 можат да се побараат податоци, но и да се користат во читалната 1350 библиотечни единци.
„Паралелно со обработката одеше и средувањето на депото во кое најбројни се: дневниот печат, годишните, полугодишните и месечните публикации од сите области. На пример од нашиот најстар македонски дневен весник „Нова Македонија“ кај нас ги поседуваме и броевите кои почнале да се објавуваат после 1949 година, па наваму.“ – велат од библиотеката.
Посочуваат дека по повторното отворање на работното место – книговезец, минатата година по пауза од десеттина години беа создадени минимални услови за работа и заштита на оштетениот книжен фонд во библиотеката.
Книговезецот Даниела Ристеска претходно беше на куса обука во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје и сега секојдневно во соработка со библиотекарите од одделот за зајмување прави селекција на оштетени книги кои со минимална заштита можат да се вратат на полиците и да бидат полезни за читателите.
НУ Библиотека