BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

Со прогласување на читателите на годината и доделување благодарници за донаторите го одбележавме Светскиот ден на книгата и авторското право

април 26, 2022
in Актуелно
Со прогласување на читателите на годината и доделување благодарници за донаторите го одбележавме Светскиот ден на книгата и авторското право

26 април, 2022 г.

Во чест на светскиот ден на книгата и авторското право НУ Библиотека  „Григор Прличев“Охрид  ги прогласи своите најредовни читатели за 2021 година.

Светот како симболичен датум во светската книжевност го одбележува 23-ти април како Светскиот ден на книгата и авторското право,  а во чест на двајцата великани на светската книжевност  Вилјам Шекспир и Мигуел де Сервантес кои со своите  дела го задолжија човештвото.

НУ Библиотека „Григор Прличев“ на посебен настан  ги  прогласи најредовните читатели за 2021 година во категоријата деца и возрасни, најмлад и највозрасен читател, како и најчитаните домашни и странски автори и книги. Охридскиот највозрасен читател има деведесет години, а најмладиот симболично зачленет, ниту една полна година.

  • Читател на годината – возрасни:

  1. Љубомир Групчев – (150 прочитани книги)
  2. Златка Петрушева – (132 прочитани книги)
  3. Љупчо Петан – ( 128 прочитани книги)

  • Читател на годината-деца:

1.Стефан Трајчески (60 прочитани книги)

  1. Анастас Секулоски (52 прочитани книги)
  2. Михаела Стефаноска (45 прочитани книги)

  • Најмал читател е Павел Ристески ( 21.06.2021)
  • Највозрасен читател е Благородна Тасевска – активен член (09.05.1932)

„Можам да се пофалам, највозрасниот читател во библиотеката е роден 1932 година, додека симболично запишано во нашата евиденција е новороденче од Охрид кое се’ уште нема ни една година, го запишале неговите родители и тоа е наша огромна чест и задоволство, а сите тие добија благодарници и книги на подарок за да можат да продолжат да уживаат во светот на книгата и убавите нешта“ – кажа Милчо Јовановски – директор НУ Библиотека „Григор Прличев“.

Најчитани 5 книги од македонски автори во возрасно одделение:

  1. “Тајната на Алексови” – Наде Стојилковиќ
  2. “Сопругата на детективот” – Мирјана Проданова
  3. “Ќерката на дрвосечачот” – Наде Стојилковиќ
  4. “Плачот на срната” – Срѓан Славенски
  5. “Нечесна игра” – Верица Митева

Најчитани 5 книги од светски автори во возрасно одделение:

  1. “ Сестрата на сонцето: приказната на Електра” – Лусинда Рајли
  2. “Без каење” – Колин Хувер
  3. “Улицата на светулките” – Кристин Хана
  4. “Верити” – Колин Хувер
  5. “Сурова љубов” – Колин Хувер

Најчитани 5 книги од македонски автори во детско одделение:

1.”Девојките на Марко” – Оливера Николова

2.”Големи и мали” – Бошко Смаќоски

3.”Гоце Делчев” – Ванчо Николески

4.”Збунети години” – Велко Неделковски

5.”Шеќерна приказна” – Славко Јаневски

Најчитани 5 книги од светски автори во детско одделение:

  1. “Пајажината на Климентина” – Елвин Брунк Вајт
  2. “Робинзон Крусо” – Даниел Дефо
  3. “Хајди” – Јохана Шпири
  4. “Петар Пан” – Метју Џејмс Бари
  5. “Том Соер” – Марк Твен

Пандемијата несоменонено ги погоди сите области од општественото живеење, вклучително и библиотекарството, но во никој случај не ја намали потребата и желбата за пишаниот збор, особено во периодот на изолација објаснува Јовановски. Пред охридската библиотека, граѓаните во редици чекаа да позајмат книга за време на пандемијата.

„Пред две години во јули кога по пет месеци го отворивме зајмувањето  тука пред нас имаше редици како пред банките, поштата и други јавни институции, што значи дека гладта и жедта за читањето беше голема, што малку ни попречи во работењето во тоа време кога го воведувавме КОБИСС  системот кој на читателите им овозможува да си проверат онлајн од дома која книга сакаат да ја читаат, да си ја побараат дали е слободна, дали ја има, одиме во текот со новото време“ – објасни Милчо Јовановски – директор НУ Библиотека „Григор Прличев“.

Кликнете на линкот за да го погледате в идеото од настанот – ТВМ ви благодариме 

https://fb.watch/cE0VKHUO7f/

 

 

Од пред неколку дена охридската Библиотека прерасна во библиотека од отворен тип. Читалната во одделот за издавање ќе биде отворена од понеделник до петок од 9 и 30 до 17.00 часот, а читалната за дневен печат и периодика со читатели ќе работи од 9 до 15.00 часот. Работното време на издавањето на книги е исто од 8 и 30 до 18 и 30 од понеделник до петок.

„Тоа значи дека читателите ќе може да уживаат во текот на денот меѓу нашите полици со огромен број книги. Библиотеката поседува 150.000 наслови, кои не беше лесно да се распоредат во новиот дел, но на задоволство на читателите ние правиме се’, зошто постоиме за нив“ – посочи Милчо Јовановски – директор НУ Библиотека „Григор Прличев“.

На околу триесетина наши сограѓани Библиотеката за донираните книги во изминатиот период им се оддолжи со благодарници кои им беа врачени во рамките на настанот.

Во чест на празникот на книгата беа прочитани пораките од  г-ѓа Одре Азуле, генерален директор на УНЕСКО и од проф. д-р Анастасија Ѓурчинова, која ја напиша македонската порака.

НУ Библиотека

Посетеност: 165
Share30
Admin

Admin

Поврзани вести

Утре,  Библиотеките од Охрид и Нашице – Хрватска ќе потпишат протокол за соработка

by Admin
јуни 19, 2025
0
Утре,  Библиотеките од Охрид и Нашице – Хрватска ќе потпишат протокол за соработка

 19 јуни,2025 г.                Во дводневна  посета на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид доаѓаат претставници од Градската библиотека од Нашице –...

Read more

Утре, Трета средба на роднокрајнитe автори и промоција на збирката „По стапките на Прличев“

by Admin
јуни 17, 2025
0
Утре, Трета средба на роднокрајнитe автори и промоција на збирката „По стапките на Прличев“

17 јуни, 2025 г.  НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во рамките на проектот „Трета годишна средба на роднокрајни автори“ дел од програмата за работа на установата а...

Read more

Во Охрид успешно реализиран проектот „Цветна библиотека“

by Admin
јуни 13, 2025
0
Во Охрид успешно реализиран проектот „Цветна библиотека“

13  јуни, 2025 г.  Пред два дена во рамки на активностите кои се дел од промоцијата и развојот на мрежата на хортикултурните библиотеки во државата и пошироко во...

Read more

Промоција на книгата „Ткаенина на животот“ од д-р Симона Мартиноска

by Admin
јуни 12, 2025
0
Промоција на книгата „Ткаенина на животот“ од  д-р Симона Мартиноска

12 јуни, 2025 г.  Утре, петок во 12 часот во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана збирката раскази „Ткаенина на животот“  од...

Read more

Регионална средба и работилница „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“ во Охрид

by Admin
јуни 10, 2025
0
Регионална средба и работилница „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“ во Охрид

10 јуни, 2025 г.  Утре, среда од 11 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе се одржи Регионална средба и работилница на тема: „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“....

Read more
Next Post
Роднокрајни автори родени во мај

Роднокрајни автори родени во мај

Поврзани вести

ДПМ: Конкурс „Празник на липите’’

ДПМ: Конкурс „Празник на липите’’

јуни 1, 2022
24 Мај – Ден на сесловенските просветители светите Кирил и Методиј

24 Мај – Ден на сесловенските просветители светите Кирил и Методиј

мај 23, 2021
Во пресрет на Вашите потреби – отворен нов трет пулт за зајмување во Библиотеката

Во пресрет на Вашите потреби – отворен нов трет пулт за зајмување во Библиотеката

мај 16, 2022

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 165

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?