BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

Во посета на НУ Библиотека „Григор Прличев“беа учесници на Регионалната смотра на хортикултурни библиотеки

април 21, 2022
in Актуелно
Во посета на НУ Библиотека „Григор Прличев“беа учесници на Регионалната смотра на хортикултурни библиотеки

23 април, 2022 г. 

Во рамките на проектот на битолската библиотека насловен: „Регионална смотра на хортикултурни библиотеки“ вчера  во посета на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид  беа дел од учесниците на смотрата од Србија, Хрватска, Босна, Албанија и Црна Гора.  

Претходно во Битола два дена тие имаа прилика да разменат искуства, како и да осмислат понатамошни активности  со кои ќе ги унапредат програмите на библиотеките и ќе овозможат ширење на хортикултурната библиотечна мрежа.

– Библиотека „Св. Климент Охридски“ од Битола од 2017 г. активно учествува во промоцијата на хортикултурни библиотеки и со задоволство ја прифати поканата на иницијаторот  Мирко С. Марковиќ, библиотекар советник и управител на регионалната мрежа,  за организација на Регионалната смотра на  хортикултурни библиотеки, рече  координатор на проектот и програмски раководител на НУУБ „Св. Климент Охридски“ м-р Јелена Петровска.

– Цветна приказна на библиотеките во регионот ќе продолжи ако   заедно  ги  промовираме новите концепти и услуги  на библиотеките во средини каде што  библиотеките се препознаени како активен учесник во заедницата.

Библиотеките во нашата држава со својата местоположба можат да го развиваат овој нов библиотечен концепт и да им ги  понудат новите содржини на своите корисници, рече м-р Петровска и најави дека идеја е догодина во овој проект активно да се вклучат и повеќе библиотеки од државава, меѓу кои и библиотеката од Охрид , за што таа најави и начелна поддршка од Министерството за култура.

Директор на охридската библиотека м-р  Милчо Јовановски  гостите ги прими во Прличевата одаја местото во кое со години се одржуваат настани и разни промоции и накусо ги запозна со историјатот на установата и животот и делото на патронот Прличев.

Тој ги покани сите учесници на средбата да ги споделат искуствата со вработените во библиотеката од Охрид,  за тие да можат да ја разберат суштината на хортикултурните библиотеки. Тој  изрази желба за продлабочување на контактите со библиотеките во регионот и вклучување на охридската библиотека во меѓународни проекти.

Пред присутните  обраќање имаше и„таткото“ – креатор на овој високо инвентивен проект Мирко С. Марковиќ од Белград  – Србија.

-Концептот се состои во запознавање, користење и практична апликација на знаења и литература од областа на ботаника, како и промовирање на литература од истата област, со што библиотекарите го унапредуваат квалитетот на своите услуги преку поголемо користење на фондовите на библиотеките и обликување на позитивна свест за уредување на работни и животни простори, и креирање на нови библиотечни програми, рече Марковиќ и додаде:

.- Покрај размената на информации и искуства, хортикултурна мрежа на библиотеки од целиот регион ќе биде еден вид „огласна табла“ и „временски распоред“ на редовни и повремени настани На тој начин библиотеките стануваат своевиден посредник во изградба на современото и еколошко живеење, овозможувајќи го побрзиот пристап до активности со хортикултурна нота врзани со хортикултурни содржини и промовирање на здрава средина за живеење.

 

Како чин на ново пријателство  на сите гости охридската библиотека им подари книги од сопствената продукција.

НУ Библиотека

 

 

 

 

 

 

Посетеност: 117
Share30
Admin

Admin

Поврзани вести

НУ Библиотека „Григор Прличев“ наскоро со нов визуелен идентитет

by Admin
мај 13, 2025
0
НУ Библиотека „Григор Прличев“ наскоро со нов визуелен идентитет

13 мај, 2025 г.  Типографот и графички дизајнер Ласко Џуровски деновиве ја посети НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид и пред вработените го презентира новиот предлог - визуелен...

Read more

Свечено одбележан 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

by Admin
мај 6, 2025
0
Свечено одбележан 5 Мај  – Денот на македонскиот јазик

6 мај, 2025 г.  Јазикот е единствената наша татковина. Сѐ додека го чуваме, го негуваме, го вардиме, го гледаме јазикот наш македонски – ќе може да сметаме дека...

Read more

Во понеделник свеченост по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

by Admin
мај 3, 2025
0
Во понеделник свеченост по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

3 мај, 2025 г. По повод Денот на македонскиот јазик во понеделник на 5 мај од 12 часот НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид организира пригодна свеченост. Премиерно...

Read more

Промовирани книгите „Филозофска Револуција I и II“ од Стефан Шорко

by Admin
мај 2, 2025
0
Промовирани книгите „Филозофска Револуција I и II“ од Стефан Шорко

2 мај, 2025 г.     Во организација на Лајонс клубот „Деница“ и НУ Библиотека „Григор Прличев“ денеска беа промовирани книгите „Филозофска Револуција I и II “ од Стефан...

Read more

Наскоро нова поетско – прозна збирка „По стапките на Прличев“

by Admin
април 30, 2025
0
Годинава ќе реализираме 17 проекти со средства од Министерството за култура и туризам

30 април, 2025 г.  Во рамките на Проектот: „Трета годишна средба на роднокрајни автори НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид наскоро ќе го отпечати вториот поетско – прозен Алманах...

Read more
Next Post
Излезе книгата „Љубов“ со песни од повеќе автори

Излезе книгата „Љубов“ со песни од повеќе автори

Поврзани вести

Денес е Светски ден на мајчиниот јазик

Денес е Светски ден на мајчиниот јазик

февруари 21, 2021
Почина роднокрајниот автор Видое Видически

Почина роднокрајниот автор Видое Видически

декември 12, 2020
НУ Библиотека – Охрид: Со книга во рака против жештините

НУ Библиотека – Охрид: Со книга во рака против жештините

август 11, 2021

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 117

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?