BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Околу нас

Министерката Стефоска: Само сите заедно ќе успееме да ја кренеме на нозе Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“

август 25, 2021
in Околу нас
Министерката Стефоска: Само сите заедно ќе успееме да ја кренеме на нозе Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“

25 август, 2021 г. 

– Националната и универзитетска библиотека носи премногу големо име на кое мора да сме му достојни и благодарни – „Свети Климент Охридски“. Таа е и една од првите институции основана со одлука на АСНОМ во 1944-та. Децениската негрижа кон оваа ризница зборува за сите нас. Ги повикуваме медиумите, а со тоа и јавноста, не за да бараме изговор за лошата слика таму туку да замолиме за поддршка во процесот на зацелување и заживување на просторот кој го чува нашето национално богатство и кој бил дел од нашето студентско минато – изјави министерката за култура, Ирена Стефоска, при денешната работна посета на НУБ „Свети Климент Охридски“ каде што беше во обиколка со новинарите. 

Придружувана од новата в. д. директорка, Јелисавета Костадинова, министерката Стефоска информираше дека од пред неколку недели НУБ „Свети Климент Охридски“ има нов тим, тим од вработените без чија огромна професионална љубов и грижа, како што истакна таа, можеби состојбата ќе беше многу полоша.

– Тие ја заслужуваат нашата поддршка и таа поддршка ќе ја добијат – рече Стефоска.

Во изјавата за новинарите, министерката за култура соопшти дека е формирана специјална работна група за утврдување на состојбата во НУБ од сите аспекти, која изготвува план за ревитализација на Библиотеката.

– Архитекти и градежни инженери веќе направија проверка на проектот за санација на покривот и бидејќи сė е во ред со проектот, тој влегува во програмата за следната година. Се прави пресек на финансиско-нормативното работење на НУБ „Свети Климент Охридски“ – рече Стефоска. Таа додаде дека почнува процесот за прогласување на библиотечниот материјал за Културно наследство во опасност, статус кој ќе овозможи брзи интервенции за негово зачувување и соодветно чување, како и вложување во стручен кадар, во опрема и во збогатување на содржината на библиотечниот фонд.

– Процесот на враќање на достоинството на овој репрезентативен објект со бесценета  содржина започна. Сакам да истакнам дека НУБ не е само покривот и не се само новите столчиња. НУБ „Свети Климент Охридски“ е многу повеќе. НУБ е емоција – рече Стефоска и ги повика сите општествено-одговорни компании и поединци да се приклучат, да бидат дел од онаа генерација што ја ревитализирала Националната и универзитетска библиотека.

– Нема да сме првите во светот кои на ваков начин ги поткрепиле своите национални библиотеки. Веќе водиме разговори со одредени донатори зашто ова е голема работа и само сите заедно ќе успееме да ја кренеме на нозе Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ – изјави министерката за култура.

При прошетката низ објектот, новинарските екипи, водени од в. д. директорката Костадинова, имаа можност да ја видат состојбата во читалниците, депото, Центарот за дигитализација за кој беше потенцирана потребата од повеќе стручен кадар и современа опрема.

Костадинова пред новинарите повика на свесност за непроценливото значење на овој објект и укажа на неговата долгогодишна импозантност и сјај, кој, како што рече, веројатно избледел под „забот на времето“, но ни во миг не е намалена неговата важност за државава. Костадинова упати апел за поддршка од општествено-одговорната јавност, особено потребна во делот на санација на посебните читалници, кои некогаш служеле за научно-истражувачка работа, и нивно осовременување и комјутеризација.

Таа информираше дека покрај тоа што е расчистено предворјето на НУБ, се расчисти и внатре, а спомена дека е неопходна чуварска служба. Костадинова ги посочи архивите на весникот „Нова Македонија“ и напорите да се дигитализираат за полесно искористување на овој драгоцен новинарски архивски материјал.

Костадинова информираше дека веднаш по завршувањето на изборите, ќе почне реализацијата на проектот за санирање на една од читалниците, за што се одобрени средства за оваа година, и ја најави санацијата на покривот за следната година.

Во рамките на посетата на НУБ, новинарите беа дел и од снимањето на филмот на Теона Митевска – „Најсреќниот човек на светот“ – мешовита меѓународна копродукција, кој се снима во НУБ „Свети Климент Охридски“. Продуцентката, Лабина Митевска, во кусата изјава за новинарите ја посочи важноста на овој објект, во кој тие како продукција веќе вложиле средства за санација на една од читалниците, и упати повик сите заедно да придонесеме за враќање на достоинството, сјајот и животот во НУБ.

Извор: Министерство за култура

 

Посетеност: 232
Share30
Admin

Admin

Поврзани вести

Поетите Мирко Томовски и Митре Мангоски – Радождански во Пула

by Admin
јуни 1, 2025
0
Поетите Мирко Томовски и Митре Мангоски – Радождански  во Пула

1 јуни 2025 г. Деновиве нашите роднокрајни автори Мирко Томовски и Митре Мангоски – Радождански настапија на две меѓународни поетски манифестации во Пула – Хрватска. 14. издание на...

Read more

Ученици од ООУ „Кочо Рацин“ од Охрид и „Веселин Маслеша“ од Белград ја посетија Библиотеката

by Admin
мај 24, 2025
0
Ученици од ООУ „Кочо Рацин“ од Охрид и „Веселин Маслеша“ од Белград ја посетија Библиотеката

24 мај, 2025 г. ООУ „Кочо Рацин“ од Охрид во рамките на својата меѓународна соработка со сродни училишта од Балканот деновиве е домаќин на ученици и наставници  од...

Read more

Корисна посета и можност за идна сорабтока меѓу библиотеките од Охрид и Корча

by Admin
мај 19, 2025
0
Корисна посета и можност за идна сорабтока меѓу библиотеките од Охрид и Корча

19 мај, 2025г. Во рамките на Програмските активности во делот на меѓународната соработка деновиве  вработени во НУ Библиотека „Григор Прличев“  предводени од в.д. директорката на установата Христина Трпеска...

Read more

Почина Илче Стојаноски, новинар, публицист – роднокраен автор

by Admin
април 22, 2025
0
Почина Илче Стојаноски, новинар, публицист – роднокраен автор

22 април, 2025 г. Вчера во Охрид на 75 годишна возраст почина новинарот и публицист  Илче Стојаноски, кој целиот професионален работен век го помина во Центарот за печат...

Read more

„Аз,буки,веди – тајната на Словото од Григор Костески, дело инспирирано од словенската книжевна историја

by Admin
април 10, 2025
0
„Аз,буки,веди – тајната на Словото од Григор Костески, дело инспирирано од словенската книжевна историја

10 април, 2025 г.  -Со оваа книга авторот Костески навлегува длабоко во суштината на писмените знаци, етимиологијата на зборовите, слоговите и буквите. На тој начин ни открива нови...

Read more
Next Post
Нова книга: „Ден на државноста на Црна Гора во Скопје“

Нова книга: „Ден на државноста на Црна Гора во Скопје“

Поврзани вести

Почина роднокрајниот автор Љупчо Јакимоски

Почина роднокрајниот автор Љупчо Јакимоски

март 7, 2023
Нови автори , нови книги…

Нови автори , нови книги…

октомври 21, 2020
„Зоки Поки“ ќе го гледаат и децата во Шведска

„Зоки Поки“ ќе го гледаат и децата во Шведска

февруари 10, 2021

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 232

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?