BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

По промоцијата на „Солзите на сестра ми“ од Лилјана Зашова

август 5, 2021
in Актуелно
По промоцијата на „Солзите на сестра ми“ од Лилјана Зашова

5 август, 2021 г. 

Вчера во организација на Национална установа Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид беше промовиран првиот роман на Лилјана Зашова „Солзите на сестра ми“.

Промотори беа д-р Сашко Насев и м-р Милчо Јованоски, извадоци од книгата читаше актерката Славица Спасова а во музичкиот дел настапи  младата музичка надеж Христијана Матеска – хармоника од Охрид.

Настанот во големиот изложбен салон на Центарот за култура го отвори директорката на Библиотеката Гордана Змејковска а вообичаено обраќање до присутните имаше и авторката Зашова.

„ Солзите на сестра ми“ според промоторите  е  четиво кое се чита речиси во еден здив и не ве остава рамнодушни и додека работите нешто сосема друго, ве обзема неговата содржина бара да продолжите да ја читате книгата и долго да разговарате за пораките и вечните дилеми кои ги крие во  себе.

Зашова со овој свој прв роман докажува дека оние кои имаат во себе пишувачка дарба а во нив тлее некоја животна приказна треба да го облагородат белиот лист хартија. Не само поради себеси и гаснењето на пожарите во себе , туку, како нова научена лекција за другите.

Посвојувањето на деца е тема која многу често е пропратена со дилеми, желби, страдања, надежи и очекувања. Тоа прашање секогаш било и останува болно, како за биолошките така и за идните родители. Постапката за посвојување, иако  регулирана со закон, не секогаш се вршела легално и многу често била нетранспарентна.

Македонското општество порано, но и сега, се соочува со прашањето како посвојувањето на деца да биде вршено на начин да не остава сомнежи за незаконитост. Од друга страна, тоа е институт кој дава можност брачни двојки да посвојат деца и да исполнат една човекова обврска за згрижување на едно од различни причини напуштено дете, во ситуација кога природните родители (најчесто младата мајка) од различни причини морала да го остави за него да се грижи општеството. А тоа (општеството), сакајќи да ги задоволи барањата на овие родители, во исто време водејќи сметка за интересите на напуштените деца, дозволува посвојување по правило на брачни двојки од земјата. Понекогаш такви деца се посвојуваат и од странци.

Во такви случаи секогаш лебди прашањето: Зошто тие деца не им се даваат на брачни двојки во земјава кои одамна чекаат дете;  дали тие деца се неповратно изгубени за земјата во која се родени и дали некогаш ќе ја дознаат вистината за нивното потекло.

„Солзите на сестра ми“ е токму таква приказна. Две сестрички – близначки се посвоени од една брачна двојка од Франција. На посвојување ги дала нивната тетка која живее во едно село во Скопска Црна Гора. Што се случило со нивната мајка? Зошто требала да се оддели од нив? Кој е докторот кој посредувал во нивното посвојување?

Дејствието на романот се одвива во три држави: Македонија, Франција и САД. Изобилува со личности и сцени од повеќе различни средини. Зашова мајсторски ги креира дијалозите и ситуациите и вешто ја води приказната давајќи им целосна полнокрвност на ликовите. Докторот, неговата сопруга, Жан и Хелен наспроти Даница и Огнен, Класната и професорката и онаа на која му останува најжешкиот костен во немоќните раце – Загорка. Токму во неа се чини се крие клучот во „Солзите на сестра ми“.

Зашова умешно и ненаметливо прави паралели на животот овде и таму, некаде во белиот свет. Но и на овој тука пред новиот милениум, село – град. Суптилно дозволува и по крајот на романот да се прашаме: Можеше или мораше вака да се заврши и дали приказната и поинаку би имала среќен крај?

Авторката Зашова рече дека ова е приказна по која „копала“ и постојано сознанијата и се зголемувале.Таа рече дека романот остава простор и за нова приказна која во неа тлее и чека ред да започне да ја пишува.

НУ Библиотека

Посетеност: 138
Share30
Admin

Admin

Поврзани вести

Утре,  Библиотеките од Охрид и Нашице – Хрватска ќе потпишат протокол за соработка

by Admin
јуни 19, 2025
0
Утре,  Библиотеките од Охрид и Нашице – Хрватска ќе потпишат протокол за соработка

 19 јуни,2025 г.                Во дводневна  посета на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид доаѓаат претставници од Градската библиотека од Нашице –...

Read more

Утре, Трета средба на роднокрајнитe автори и промоција на збирката „По стапките на Прличев“

by Admin
јуни 17, 2025
0
Утре, Трета средба на роднокрајнитe автори и промоција на збирката „По стапките на Прличев“

17 јуни, 2025 г.  НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во рамките на проектот „Трета годишна средба на роднокрајни автори“ дел од програмата за работа на установата а...

Read more

Во Охрид успешно реализиран проектот „Цветна библиотека“

by Admin
јуни 13, 2025
0
Во Охрид успешно реализиран проектот „Цветна библиотека“

13  јуни, 2025 г.  Пред два дена во рамки на активностите кои се дел од промоцијата и развојот на мрежата на хортикултурните библиотеки во државата и пошироко во...

Read more

Промоција на книгата „Ткаенина на животот“ од д-р Симона Мартиноска

by Admin
јуни 12, 2025
0
Промоција на книгата „Ткаенина на животот“ од  д-р Симона Мартиноска

12 јуни, 2025 г.  Утре, петок во 12 часот во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана збирката раскази „Ткаенина на животот“  од...

Read more

Регионална средба и работилница „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“ во Охрид

by Admin
јуни 10, 2025
0
Регионална средба и работилница „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“ во Охрид

10 јуни, 2025 г.  Утре, среда од 11 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе се одржи Регионална средба и работилница на тема: „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“....

Read more
Next Post
„Цркви во Охрид“ од академик Миќуновиќ водич низ сакралното богатство

„Цркви во Охрид“ од академик Миќуновиќ водич низ сакралното богатство

Поврзани вести

Кацаров лауреат на наградата „Григор Прличев“

Кацаров лауреат на наградата „Григор Прличев“

јануари 13, 2022
ДПМ: „Книжевен жезол“ за поетите Ренџов и Биелик

ДПМ: „Книжевен жезол“ за поетите Ренџов и Биелик

јуни 15, 2020
Поемата „Цветко“ под шифрата „Когито“ е најдобрата поема на Конкурсот „Григор Прличев“

Беседата  „Како против пизмата? “ под шифра: „Адет госпоари“ најдобра на Конкурсот на НУБ „Григор Прличев“ од Охрид за 2024

јануари 29, 2024

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 138

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?