BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

Втори април е Светски ден на литература за деца

април 1, 2021
in Актуелно
Втори април е Светски ден на литература за деца

2 април, 2021 г.

Втори април  е Светскиот ден на литература за деца На денешен ден е роден светски познатиот  дански книжевник и писател на бајки Ханс Кристијан Андерсен.

Тој е автор на бајките: „Царевото ново руво“, „Оловниот војник“, „Малата сирена“, „Снежната кралица“, „Принцезата на зрно грашок“, „Девојчето со кибритчињата“ и „Палешка“. Сите тие во себе носат  универзални пораки, што се раскажуваат и се паметат со генерации. Неговите приказни се читливи, разбирливи и со децении наназад лесно ги пленат децата, но и возрасните.

       

Ние од НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид размислуваме како и кој да го честита празникот и смисливме. Ја поканивме тоа да го стори професор  д-р Весна Мојсова – Чепишевска. Таа ги предава предметите: Книжевност за деца 1 и 2, како и предмети од областа на македонската култура на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Да погледаме и слушнеме нејзината порака:

Но не останавме само на ова, изминативе две среди во рамките на рубриката Нови книги претставиме дваесеттина нови наслови за деца од домашни и странски автори кои младите читатели веќе можат да ги зајмат од библиотеката.

Празникот на литературата за деца на наша покана го честита и Марина Димовска, дипломиран филолог по македонска книжевност и јужнословенски книжевности со општа и компаративна книжевност од Охрид . Таа е сопственичка на јутјуб каналот РАСКАЖУВАЧКА.

 

Даниела Милошеска  е дипломиран воспитувач, работи во ЈОУДГ 8 Март Струга. Прво самостојно авторско дело е книгата ,,Воспитувач.. која е наменета за етичкото и морално воспитување на децата од претшколска возраст ,а второто издание е книга со детски илустрирани и едукативни приказни ,,Мравко“. Нејзиното 11 годишно искуство со децата и дружбата со нив  таа го сподели со нас и вели:

 

 

Кристина И. Стојаноска – Алоска е дипломиран стоматолог од Охрид. Во соработка со Црвен крст – Охрид издава две брошури поврзани со оралното здравје. По повод Неделата на забоздравствена заштита, во 2014 ја издава Брошурата „Грижа за забите“ наменета за најмладите во која се опишани правилата за здрави заби што треба секое дете да ги знае. Следната, 2015 г. ја издава брошурата „Насмевка без кариес“.  Две години подоцна издавачката куќа Едука Мак  ја издава нејзината книга со 10 раскази на тема: орално здравје, напишани како поезија во проза, со наслов „Насмевка за петка“. За создавањето навики за читање во чест на Светскиот ден на литературата за деца Алоска, додава:

 

Овој празничен ден нека биде поттик за возрасните љубовта кај децата да ја всадат уште во најраното детство. Не попусто се вели: Книгата е најдобриот другар.

Драги млади читатели нека ни е честит Светскиот ден на литературата за деца. Читајте и дружете се со книгата секој ден. Дојдете,зачленете се кај нас во Библиотеката ние ќе ве поведеме во волшебниот свет на книгите. Повелете!

НУ Библиотека

Посетеност: 440
Share30
Admin

Admin

Поврзани вести

Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани ја посети НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

by Admin
август 20, 2026
0
Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани ја посети НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

 Денеска Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани  престојува во Охрид, Тој беше  во прва работна посета на институциите од областа на културата по неговото назначување на функцијата....

Read more

Заедничка промоција на туристичките потенцијали на Чешка и С. Македонија во Охрид

by Admin
август 18, 2026
0
Заедничка промоција на туристичките потенцијали на Чешка и С. Македонија во Охрид

Утре – среда 19 август во Охрид, во „Прличевата одаја “ на НУ Библиотека „Григор Прличев“ како придружен настан во рамките на официјалната посета на заменик-премиерот и министер...

Read more

Утре – сабота свечено ќе биде отворена обновената „Прличева одаја“

by Admin
јули 17, 2026
0
Утре – сабота свечено ќе биде отворена обновената „Прличева одаја“

Утре, 18 јули од 11 часот на пригодна свеченост во НУ Библиотека „Григор Прличев“ по неколку месечна адаптација ќе биде симболично отворена обновената „Прличева одаја“. Обновениот  мултифункционален простор...

Read more

Промоција на „Македонија низ вековите“ од д-р Виолета Ачкоска

by Admin
јули 15, 2026
0
Промоција на  „Македонија низ вековите“ од д-р Виолета Ачкоска

     Утре, четврток во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана најновата книга на истакнатата македонска историчарка, проф. д-р Виолета Ачкоска „Македонија низ вековите.“ Книгата...

Read more

Утре ќе се одржи регионалниот поетски фестивал „Слушни го Езерото“

by Admin
јуни 18, 2026
0
Утре ќе се одржи регионалниот поетски фестивал „Слушни го Езерото“

Во пресрет на 21 јуни -  Денот на Охридското Езеро, НУ Библиотека „Григор Прличев“ утре од 11 часот  ќе ја одржи манифестацијата СЛУШНИ ГО ЕЗЕРОТО. Проектот е финансиски...

Read more
Next Post
Охридска “Рапсодија во сино” во чест на лицата со аутизам

Охридска "Рапсодија во сино" во чест на лицата со аутизам

Поврзани вести

Почина роднокрајниот автор – д-р Стојан Ристески

јануари 31, 2021
Луѓето кои сакаат да читаат книги се посебни

Луѓето кои сакаат да читаат книги се посебни

февруари 11, 2021
МТВ: Во Охрид промовирана книгата „Зад нас“ од Наташа Андрееска

МТВ: Во Охрид промовирана книгата „Зад нас“ од Наташа Андрееска

септември 8, 2023

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 440

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?