23 март, 2021 г.
НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид по повод 25 март, денот кога Прличев во Атина во 1860 година бил овенчан со „Ловоров венец“ распишa: К о н к у р с за најдобра поетска творба на тема: „За Прличев и Охрид каков што тој го сакал“.
На конкурсот можеa да конкурираат ученици од општините Охрид и Дебрца и тоа во две категории:
Ученици од основните училишта VIII и IX одделение
Ученици од средните училишта
Конкурсот траеше oд 25 февруари заклучно со 15 март (понеделник) 2021 година, a изборот на наградените го изврши Комисијата од вработени во НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид.
м-р Милчо Јованоски – претседател
м-р Мариче Боздоганова – член
Бети Лазеска – Симоноска – член
НАГРАДЕНИ ВО КАТЕГОРИЈА НА ОСНОВЦИ СЕ:
1 .награда: Јована Лазаревска, VIII одд. ООУ „Кочо Рацин“ – Охрид
2 .награда; Јана Сиљаноска, IX одд. ОУ „Дебрца“
3. награда: Дамјан Наумоски VIII одд. „Св. Климент Охридски“ – Охрид
НАГРАДЕНИ ВО КАТЕГОРИЈАТА НА СРЕДНОШКОЛЦИ СЕ:
- Елена Шаптеска , IV год. ОСУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид
- Матеа Стоев I год. „Јахја Кемал“ – Струга
- Марија Наумоска, II год. ОСУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид
Поради пандемијата од Ковид -19 групното доделување на наградите ќе изостане а добитниците ќе бидат контактирани и ќе биде догoворена средба со секој одделно во Библиотеката.
НУ Библиотека